Стрипот кој 50 години не остаре ни ден

Оваа година навршува половина век од Алан Форд, стрипот без кој не би требало да помине ни една младост, без разлика во каков медиумски уи технолошки еко-систем живее. Стрип за групата ТНТ која е составена од луѓе кои се составени од мани. Го пишуваше Макс Бункер, го црташе Магнус и веројатно од тоа немаше да испадне ништо посебно ако не преведуваше маестрално разгираниот Ненад Брикси. Тја!

Првиот број на Алан Форд излегува во мај 1969 година а во Југославија почнува да се издава после три години, таман колку што му требало на Брикси да го открие и да ги убеди луѓето од Вјесник дека тоа треба да се најде на југословенските трафики.

„На почетокот Бункер имаше добри идеи и тоа одеше добро ама со тек на времето малку се изгуби и резултатот беше сувопарен. Тоа на тато, кој и како писател беше хуморист, му беше совршено бидејќи можеше да си игра со материјалот. Бункер на Магнус му даваше само рамки на идејата а тој понатаму ги разигруваше. Подоцна Бункер тотално ја изгуби идејата и тоа стана напорно да се преведува па мораше да се измислува за да биде смешно и да испадне нешто од тоа,“ се присетува Давор Брикси, син на преведувачот, новинар и комедиограф Ненад Брикси.

- Подобро да живееш 100 години како милионер, отколку 7 дена во беда.

- Не е важно да учествуваш, важно е да победиш.

- Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш.

- Подобро нешто од нешто, отколку ништо од нешто.

- Никогаш не се предавај, освен кога мораш.

- Алане да бегаме, они се двајца, а ние сме сами.

- Ние ништо не ветуваме и тоа го исполнуваме - партија на вистината.

- Не и верувај на жена што лаже.

- Кој оди не трча.

- Кој лета, вреди, кој вреди, лета, кој не лета, не вреди.

- Подобро да издадеш книга отколку пријател.

- За татковината ќе дадам сè, дури и нокт.

- Влезот е бесплатен, излезот се наплаќа. (натпис над кино)

- Дрогата го спаси од пеколот на љубовта.

- Подобро е да си богат и здрав, затоа што кога си сиромашен џабе ти е што си болен.

- Дојдов, видов, избегав.

- Па ти дечко стварно имаш материјал за два носа!

- Подобро да испаднеш будала отколку од воз.

* повеќе мудрости и линк до стриповите тука

17 јануари 2019 - 08:42