Веб класици:

Што научив од мајка ми

- Мајка ми ме научи за правилата на осмозата.
"Затвори уста и јади ја супата."

Мајка ми ме научи да почитувам добро завршена работа.
"Ако планирате да се убиете еден со друг, излегувајте надвор, пошто само што завршив со чистење."

- Мајка ми ме научи на религија.
"Моли се на бога тоа да излезе од тепихот."

- Мајка ми ме научи за основите на логиката.
"Затоа што јас така реков, ете зошто."

- Мајка ми ме научи и други работи за логиката.
"Ако паднеш од лулашката и со го скршиш вратот, нема да дојдеш со мене во продавница."

- Мајка ми ме научи за правилата на осмозата.
"Затвори  уста и јади ја супата."

- Мајка ми ме научи за важноста на издржливоста.
"Има да седиш тука додека не го изедеш целиот спанаќ."

- Мајка ми ме научи за кругот на животот.
"Јас те донесов на овој свет, јас можам и да те извадам од него."

- Мајка ми ме научи за зависта.
"Има милиони помалку среќни деца на светов, кои немаат родители како ти."

- Мајка ми ме научи за медицината и функционирањето на човековото тело.
"Ако не престанеш да ги вртиш очите, ќе ти останат такви."

- Мајка ми ме научи за црниот хумор.
"Кога косилката ќе ти исече прстите, немој тогаш да трчаш по мене."

- Мајка ми ме научи за генетиката.
"Ист си како татко ти."

- Мајка ми ме научи за моето потекло.
"Затвори ја вратата. Не си роден во штала!"

- Мајка ми ме научи за мудроста.
"Кога ќе бидеш на мои години, ќе разбереш."

- Мајка ми ме научи како функционира правдата.
"Еден ден и ти ќе имаш деца, и се надевам дека ќе излезат исти како тебе."

11 септември 2018 - 12:18