Што еден народ може да научи од волците?

Бидејќи оние силни историски лекции за формациите на фалангата и слично не ни помогнаа баш многу, да пробаме да научиме нешто од волците. Пазете, овде дури и за нив имаме погрешна претстава па ја шириме онаа дека „на волкот му е дебел вратот зашто сам си ја брка работата“. А не е баш така. Да видиме како функционира една волчја формација во секојдневието.

Првите три волка се стари и болни. Тие го одредуваат општото темпо на глутницата бидејќи се најбавни од сите.

Следните пет се од најсилните и најдобрите, задолжени за заштита доколку некој нападне од напред.

Во средина се „обичните граѓани“, заштитени од двете страни.

Зад нив се уште петмина членови на групата, исто од редот на најсилните и најдобрите. Задолжени се за одбрана во случај некој да напад од зад грб.

Последен е водачот. Тој обезбедува никој да не биде оставен после него. Го надгледува единството на групата и патот по кој оди и подготвен е во секое време да интервенира онаму каде што е потребен.

Кај волците, ТОА се нарекува водство.

18 мај 2017 - 20:18