Миљенко Јерговиќ

На никој жив денес не му е јасно зошто се запали Јан Палах

Да се запалеше денес во некој град од западната цивилизација, во најдобар случај ќе го прогласеа за лудак. Ако некому му е јасно што за таа генерација значела слбодата, тој е човек од минатото.

Да е можен времеплов, па по некоја грешка Јан Палах да се запалеше во денешена Прага, Вашингтон, Рим, Загреб, бунејќи се против изворите на лагата за светот во кој живее, во најдобар случај би го прогласиле за лудак.

Во нашево време, за лудак ќе прогласат секого кој претерано инсистира на разликата меѓу вистината и лагата, особено на важноста да се говори и да се пишува вистина, а не лага.

Правото на лага, на која всушност легално е заснована работата на службите на ПР-от и маркетингот, денес е едно од темелните права на оние кои остваруваат политичка власт или, дури и повеќе, на оние кои благодарејќи на економската сила ја контролираат политичката власт. Ним не им требаат советски тенкови.

А слободата, што за луѓето од генерацијата на Јан Палах била слободата? Оној кој на ова прашање умее јасно и прецизно да одговори, тој е човек од минатото.

Миљенко Јерговиќ

28 јануари 2019 - 23:43