веб класици

Македонски бонтон за на плажа

1. Стани во 4 наутро и зафати 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се у кревет и спиј до 12 на пладне.
2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрата - 5 за пешкирот и 3 за апостолките
3. Треба да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук.
4. Книга не смее да се носи, тежи.

5. Ако немаш чадор за сонце, намести се така чадорот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале.

6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах.

7. За деца до 12 г нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.

8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е алфа-мажјак.

10. Најголем гушт е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават ПОКРАЈ кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во канта.

11. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е дамата.

12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Врање 5 лежалки подалеку од твојата.

13. Ако не ти е е сменета постелината сабајлето, на рецепција правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.

14. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол инклузив!

15. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, после да заспијат поубаво.

16. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дур од Македонија па не се слуша.

17. Купачите најубаво се сушат опнати на чадорот горе.

18. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во ист тањир - кој вика дека не идат риба и баклава?

19. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Витон на плажа.

20. На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле.

21. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.

2 август 2014 - 11:17