Кралство давам за сè е во ред

Пијам кафе на балконот. Сонце. Раат. Утрото е такво да заслужува поетски осврт, заслужува нешто да се напише за него. А јас само гледам.

Ноќеска сонував сон кој го заборавив, но остана чувството од сонот. 

Чувството дека сè е во ред.

Што би дала да можам да се сетам што беше во сонот, кога сè беше во ред. Можеби имам заборавено многу повеќе од сонот. Страшна помисла. Кралство давам за сè да е во ред.

Боба Ѓудерија

23 март 2017 - 13:39