Келнер да ви каже неколку работи

По неколку години работење како келнер во кафулиња, дискотеки и ресторани, да ви кажам неколку ситници заради кои испаѓате многу глупи:

Цената на кратко еспресо е иста како и цената на долго.

Ако нарачате кафе, ќе добиете кратко. Инаку, не читаме мисли.

Тацната не е чинија од која јадете.

Кога нарачувате "сок", ќе добиете Кока-Кола, ако не нагласите кој го сакате.

Келнерот не е Диџеј. Не сме тука за да ви исполнуваме музички желби. Ако не ви се допаѓа музиката, имате други кафичи.

Кога ви наплаќаме, прашањето "Да не јадевме ние кавијар?" ви е многу глупа финта и досадни сте со тоа.

Ако е гужва и дојдете да нарачате на шанк, нема први да добиете пијачка.

Ако девојките ги одбијат пијачките што сте им ги пратиле, нема потреба повторно да ги прашуваме што ќе се напијат.

Ако нема место, нема потреба да прашувате дали има место.

Не ги земајте пијачките сами од наша тацна, се губи рамнотежа и може сè на вас да заврши.

За викенд сите изгледате ретардирано.

Ние не ставаме дрога во пијачките.

Ако ве сретнеме на улица а некогаш сме ви донеле кафе или пијачка, не сме обврзани да ве поздравуваме.

Можете да добиете хартија и пенкало, ама пенкалото би требало да го вратите.

Ако не знаете што ви се пие, нема потреба келнерот да стои до вас додека размислувате.

Светлата на фајронт значи да го напуштите локалот а не да нарачувате пијачки, имаме и ние живот после работата.

Прашањето дали имаме ВеЦе е најглупавото прашање кое можете да го поставите.

Откако ќе завршите работа во ВеЦе, треба да пуштите вода.

Не, не го знаеме телефонот на онаа девојка таму.

Бакшиш не е град во Турција.

 

5 септември 2015 - 15:10