Интелигенцијата е преценета?

Се проценува дека Ајнштајн имал коефициент на интелигенција од 160, Мадона 140, а Џон Ф. Кенеди имал само 119. И ниту една од овие бројки не е пресудна за успехот.

Емоционалната интелигенција, моралната и телесната, се оние бројки кои се земаат во предвид кога се пресметува нечиј успех или професионално достигнување.

Основниот коефициент на интелигенција ја одредува способноста за логично размислување и техничката интелигенција на човекот. Таа како таква е важна за нечиј успех, но не гарантира дека ќе му помогне на човек да се издигне над другите.

Според истражувањето на Карнеги институтот, 85% од вашиот финансиски успех е резултат на способноста за "човечки инженеринг," вашата личност и вештината да комуницирате, преговарате и водите. Само 15% се должи вашето техничко знаење.

На страна ова, нобеловецот психолог Даниел Канеман, открил дека луѓето повеќе сакаат да прават бизнис со лица што им се допаѓаат и на кои им веруваат, па дури и по цена тие да нудат производ со послаб квалитет а поскапа цена.

 

Емоционална интелигенција

Ова е најдобро позната од трите споредни интелигенции. Таа се однесува на вашата способност да бидете свесни за вашите чувства и чувствата на другите, да ги регулирате овие чувства во себе и кај другите, користејќи емоции кои се соодветни за ситуацијата.

 

Морална интелигенција

Оваа директно следи по емоционалната и се справува со интегритетот, одговорноста, заемното разбирање и проштевањето. Начинот на кој се третираш себе си е начинот на кој и другите ќе те третираат. Одржување на ветувањата, зачувување на интегритетот и искреноста се клучни за моралната интелигенција.

 

Телесна интелигенција

Ова одразува што знаете за своето тело, што чувствувате за него и како го одржувате. Вашето тело постојано ви праќа сигнали, на вас е да ги препознаете. Дали јадете правилно? Дали доволно се одморате? Дали вежбате? Иако овие работи изгледаат неповрзани со успехот во бизнисот, вашата телесна интелигенција апсолутно влијае на вашата работа, бидејќи во голем дел ги одредува вашите чувства, мисли, самодоверба, состојбата на умот и нивото на енергија.

 

Човек со помалку образование кој ги има комплетно развиено другите видови на интелигенција, ќе биде далеку поуспешен од човек со импресивно образование, но со слабо развиена емоционална, морална и телесна интелигенција. Секако дека основната интелигенција е важна, но само таа не е доволна.

26 април 2012 - 17:43