Ги оставив молерите сами во станот и подобро да не се вратев

Тој 6 август беше најлошиот ден во мојот живот. Добро, можеби не баш најлошиот ама сигурно најлошиот 6 август на сите времиња. Сè започна кога мајка ми успеа да ме убеди да не бидам во станот кога молерите ќе дојдат да фарбаат. Колку само се каев кога 15 часа подоцна ја отворив вратата и влегов во својата дневна соба.

Чичко Миле ја кречи куќата на моите скоро 20 години. Мајстор без мана, вика татко ми. Никогаш го нема разочарано. Затоа, кога решив да го реновирам станот, изборот природно падна на него. И не е чудо што имав апсолутна доверба дека работата ќе биде одработена како што треба, па го послучај мајчиниот совет да се тргнат од станот додека трае хаосот.

Пред реновирањето:
Пред реновирањето:

Пред мене беше совршена сабота. Сестра ми и јас испланиравме заеднички ден после неколку напорни недели. Прво еден добар, мрсен појадок, па потоа сè друго - слушање музика од младоста, бесцелно излежување, муабети за мажи и за ништо, и , се разбира, добар љубовен филм. Откако прописно се исплакав на Бруклин  на згрозување на ледената кралица (сестра ми), отидов на еден роденден и денот помина. Утредента работев и за да не м'кнам работи ваму- таму, решив сепак да спијам во станот. Свежата боја можеби и нема да ми пречи толку. 

Колку само бев наивна....

Влегувам во станот возбудена како девојче, едвај чекам да ја видам промената бидејќи (размислувам во себе) имав избрано совршени бои.

А потоа - шок.

Да, јас избрав совршени бои, ама молерот изгледа имал други планови. мојата сакан дневна соба која требаше да биде во топла капучино нијанса, скокна врз мене и почна да вришти. Стојав скаменета гледајќи го ова:

Прво стоев неподвижна едно 10 секудни. После седнав на мојот розе кауч кој во ова лудо зеленило делуваше хистерично и на глас себе си реков:

„Да ти го ебам мојов живот“.

Човекот успеал не само да ги замени боите кои ги барав (капучино за дневна, темно зелена за спална) туку и тотално да им ги утне нијансите.

Низ глава ми минуваше само тоа дека од сега ќе морам да живеам во вриштечко зелена пештера без светло (станот ми е свртен кон север а погледот од првиот спрат окован со дрвја). За ме не во тој момент се случи пропаст на свекот. Немаше надеж, немаше излез (да, знам да бидам драматична).

Се разбира, само во мојата глава проблемот беше траен (што не го менува фактот дека таа ноќ во мене нешто се скрши и надежта за момент умре). Утредента чичко Миле призна дека згрешил и за неколку дена дојде да бојоса одново. Се откажав од топлата капучино нијанса.

„Бела сакам, бела не може да се згреши!“

И бидна бела!

Неколку дена подоцна, на мојата постара колешка Душица ѝ раскажував што се имаше случено.

„Ги оставив мајсторите сами во станот и сè утнаа“, викам јас.

„Тоа што тие промашиле не ми е никаква вест. За мене е ново што постојат луѓе кои мајсторите ги оставаат сами“, одговори Душица.

Сега знам и јас, Душице, сега знам и јас.

Драгана Пандуревиќ

23 април 2017 - 08:51