Елвис за непарните ритми

Во песната која денес ја анализираме „Зови човика“, Војко В, се фали (од 0:14 do 0:18): „7/8 метрика, ваков рап нема Европа и Америка“.

И факат нема!

Се сетив на одговорoт на Влатко Стефановски на стандардното прашање од 80-тите „Што мислите за Стив Ваи, Џо Сатријани?“ Влатко имаше кажано дека сите тие гитаристи се извонредни но дека заради непарните македонски ритми и тој има свои „цаки“ кои би можел да им ги покаже на многумина големи гитаристи.

Има и приказна за непарниот ритам за тоа како настанал еден прочуен џез стандард. Врвни американски џез музичари, кон крајот на 50-тите години биле на светска турнеја која ја спонзорирала американската влада. На еден плоштад во Истанбул посакале да засвират со тамошните улични свирачи.

„Зачудени како непарните ритми, кои првпат ги свират на вистинска свирка, ги исфрлуваат од колосек и ги тераат на грешки, тие подоцна решиле една своја џез тема да снимат во непарен ритам. Така е настаната легендарната на Дејв Брубек -Take Five“.

Елвис Џ. Куртовиќ

*****

Повеќе од Војко В.

Повеќе од Влатко С.

Повеќе од Елвис К.

9 ноември 2018 - 09:10