Беше малку заебано, ама, немаше комарци

Прскањето против комарци претходниот викенд даде одредени резултати, така што сега комарци има уште повеќе, плус се побесни. Ги изнервираа со некое евтино срање па се дигнаа и оние мамурните кои не планираа да излегуваат викендов. Сега гризат ко териери.

Кога бев клинец, ќе прелеташе оној авион, цел со дупки, го соборувале и Германци и Руси и ловци од околните села зашто им го бркал дивечот, во него набилдан мотор од Лада Самара, а кога ќе го пушти оној траг од крилата, друже, она беше некој бугарски солзавец, помешан со WC санитајзер и некој запленет швапски боен отров.

Ние децата одма фаќавме магла со брзина на Усаин Болт, пошто ако тоа чудо ти падне на глава, ти ја одмастува косата, убива вошки и првут и ти извлекува прамени.

Оние помалку искусните кои ќе погледнеа нагоре, имаа кокошкино слепило до крајот на распустот. После пар дена ти отпаѓаат и трепавици а веѓите си ги наоѓаш во чинија.

Мајсторот ќе се спуштеше на само два метра од бандерите, гледаме како извадил лакт и пие пиво, надлетува и за пар секунди паѓаат комарци, муви, оси, се превртуваат глувци, штакори, живина, ситна стока. На враќање пушта уште еден млаз за да ги исчисти кучињата и мачките од болви и крлежи.

Така двапати во еден лет и одма ги тамани и вирусите, тоа истовремено ни беше и вакцинација против грип, лепра, шуга, чума и црвен ветар, После тоа, неколку дена опоравуваме бели дробови и други делови на телото, врапчињата се натрипале дека се белоглави орли па напаѓаат кози и мачки од воздух, гулабите мјаукаат додека летаат, децата светат во темница, бабата два дена се мечува со сообраќајниот знак пред куќа.

Така што... беше малку заебано, ама јеби га, немаше комарци.

Небојша, Зрењанин

13 јули 2020 - 16:59