Авокадо принцип

Сет Годин сака да помогне со животна лекција базирана на авокадо.

1. Ако чекаш да купиш додека стварно ти се пријаде авокадо, најверојатно на пазар нема да има зрели. Треба однапред да имаш купено.

2. Ако сега изедеш авокадо што не е зрело, нема да уживаш во него. И, нема да можеш во него да уживаш утре, кога тоа ќе беше совршено доколку почекаше.

3. Ако животот го живееш по основа на инстантно задоволство и малку планирање, никогаш нема да имаш добро авокадо и ќе му плаќаш повеќе на некој друг кој однапред планирал.

4. Купи повеќе авокада отколку што мислиш дека ти се потребни. Затоа што малтретирањето околу нив секогаш е поголемо отколку трошокот, можеш да инвестираш во нив.

5. Бидејќи сега ги имаш толку многу, сподели ги кога ќе созреат. Ова ќе ти се врати еден ден.

Секоја од овие вистини доведува до откровение, метафора која чека да биде живеена во секоја смисла: Ако си чекор пред циклусот, да почекаш додека едно авокадо е зрело и секогаш да ја надополниш испразнетата залиха, цел живот ќе јадеш зрели авокада. Од друга страна, ако нетрпението и слабото планирање прават да заостануваш зад циклусот, многу е веројатно дека секое авокадо што ќе го изедеш ќе биде лошо.

Посади дрво пред да ти треба сенка.

Сет Годин

4 април 2019 - 12:51