19 фотографии од светот што пука по рабовите

Во 2022-ра имаше што да се фотографира, ама не може да се каже дека беше многу фотогенична. 

 

Ветер дува жарчиња од дрво што гори во пожар близу Хемет, Калифорнија на 6-ти септември 2022

Арша Бегум прима вакцина против КОВИД-19 од Фозиа, здравствен работник, за време на вакцинацијата против корона во Будгам, југозападно од Сринагар, во индискиот дел на Кашмир на 11-ти јануари 2022

Матеј Шванцер од Австрија тренира ски-скокови пред квалификациите на ЗОИ Пекинг 2022-та, на 7-ми февруари 2022

Талибански борец чува стража на местото на експлозијата пред училиште во Кабул, едно од неколкуте кои беа погодени во нападите врз образовни институции во Авганистан

Деца си играат во предрадието на Каракас, Венецуела, на 2-ри јануари, 2022

Човек спасува работи од пожар предизвикан од напад на руските сили во Харков, Украина, на 25-ти Март 2022

Луѓе упаднати во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка, барајќи негова оставка заради најголемата економска криза во блиска историја

Џеника Секуја плива во својот костим на сирена за време на часот по сирени на Филипините, на 22-ри мај 2022

Маскирани на традиционалниот карневал во малото село Лузион, Шпанија на 26-ти февруари 2022

99-годишната Мотриа Олексиенко, во закрила на својата ќерка за време на руската инвазија на Андриивка, село во Украина, на 6-ти април 2022

Џо Бајден, во моментот на заминување по разговорот со новинарите пред воздухопловната база Ејндрус, на 28-ми јануари 2022

Возила на срушениот мост во Питсбург на 28-ми јануари 2022

Украинци вадат повредена бремена жена од породилиштето во Мариупол, Украина, на 9-ти март 2022

Жена што извикува анти-владини слогани во Буенос Аирес, Аргентина, на 10-ти март 2022

8-годишно девојче позира во разрушена училница во Кабул, Авганистан, на 23-ти април 2022

Украинци под разрушен мост во обид да ја минат реката Ирпин на излез од Киев на 5-ти март 2022.

Прекриено мртво тело на зависник од дрога во Кабул, Авганистан, на 15-ти јуни 2022

Девојче свиено за време на тестирањето што треба да го утврди влијанието на КОВИД-19 врз здравјето на децата

Луѓе од окупираните делови на Украина, го гледаат телевизиското обраќање на Владимир Путин на 21-ви февруари 2022

Извор

 

2 декември 2022 - 16:29