Мешано

Збогување со Честер Бенингтон
21 Јули 2017

Пред два месеца, Шинода и Фарел од Линкин парк во интервју објаснуваат дека Честер сериозно и длабоко е погоден од самоубиството на Крис Корнел. Ноќеска, 41-годишниот рокер изврши самоубиство. Ова е последниот поздрав со него на неколку колеги музичари. Повеќе

Приказната за Раде Кончар и неговиот син Раде Кончар кој се венчал на улица „Раде Кончар“
2 Јули 2017

Да се потсетиме ние на вистинската партизанштина на која подзаборавивме од онаа блеферската која последниве години ни ги потече јајцата (ене ги, моментално се ухлебуваат по државни институции). Усташите не само што го убиле прочуениот револуционер Раде Кончар, не само што ја фрлиле од прозор неговата жена туку за да ја сотрат цела лоза, понудиле неверојатна награда и за нивното бебе.  Повеќе

Американскиот скејтер со презиме Џаноски
26 Јуни 2017

Колку што авторот на статијава е Џурук, толку и он е Џаноски, ама тоа е друга тема. Роден е во САД, по потекло е Македонец, и се вика (по негово) Стефан Џаноски. Човекот цел живот е скејтер, доволно познат во САД за Најк да имаат патики со негово име. И тоа 41 различен модел. Освен што скејта и прави патики, човекот стигнува и да слика, фотографира, да се занимава со вајарство и да свири гитара. Повеќе

Интернет оф шит: чајник од 400 долари
23 Јуни 2017

(Чисто против уроци, да кажеме дека може да дојдат и бетер.) Пред некое време ја пренесовме веста за бескорисниот паметен соковник од 400 долари (на попуст од првичните 700). Има барем еден човек на светот што ја прочитал веста, целиот исход од неа и сето тоа го доживеал како одлична бизнис идеја. Тој човек направи паметен чајник. Повеќе

Одмаздата на градинарот
20 Јуни 2017

Ако сме прецизни, човекот е арборист (да, како Дејан), што во превод значи некој кој професионално се занимава со одгледување и изучување дрвја. И ретко кој станува арборист заради слава, туку најчесто тоа се прави од љубов кон дрвјата. На истиот овој човек, градските власти и придружен апаратчик предводен од градоначалникот решаваат да му го исечат 30-годишното здраво дрво во двор, затоа што почнало да им го поткопува тротоарот. Како што решаваат така и прават. По нив, доаѓа на ред тој. Повеќе

Затоа што отсекогаш било така
13 Јуни 2017

Стара приказна е ова за менталитетот и социјалната психологија и веројатно ја имаме објавено во овие миљарда години минати на интернет. Поучна е на различни нивоа, и за македонската транзиција и за состојбите во вашата фирма, град, држава.... Ако имате чувство дека мајмуните се менуваат а работите остануваат исти, читнете како тоа оди.   Повеќе

Исходот од британските избори во неколку твитови од Гардијан
9 Јуни 2017

Тереза Меј бараше избори за да добие посилна и постабилна позиција во преговорите за брегзит. Првото го доби, ама не и позицијата што ја посакуваше, заврши со 13 пратенички места помалку и губење на парламентарното мнозинство. Ние го добивме меракот да уживаме во сеирот што Гардијан го удира околу изборите. Повеќе

Морковите, кокошкиното слепило и воената пропаганда
8 Јуни 2017

Една од особините кои им се припишуваат на морковите е дека можат импресивно да го подобрат видот, особено ноќе. Но, ако страдате од кокошкино слепило а спас гледате во морковите, нема да се изнагледате. Приказната за оваа раширена легенда нè води до пропагандата од Втората светска војна. Повеќе

Зошто копчињата на машките кошули се од десно?
8 Јуни 2017

Причината за тоа има врска со оружјето. А ако сте горди на својата ненаоруженост, тогаш носете го барем својот мобилен на лева страна. Повеќе

Приказна за шармот на Роџер Мур
26 Мај 2017

Роџер Мур е еден од оние луѓе што ќе ги памтиме само во една димензија, како лежерен агент 007 кому му оди добро со девојки, а на лошите не им оди добро со него. Зад таа димензија којзнае што човек може да е, може идиот, може прекрасен лик. Има една супер интересна анегдота за него, која барем малку ја открива неговата секојдневна природа. Како се ближи кон крајот, приказната станува сè поинтересна.... Повеќе

Совршената реченица
26 Мај 2017

Има ли, на крајот на краиштата, нешто посуетно на светот од писател? Особено во моментот кога се гледа очи в очи со својата совршена реченица. Ох, боже, каква грозна, одвратна немоќ! Повеќе

Така говореше Мур. Роџер Мур.
24 Мај 2017

За некои луѓе ти е криво што ќе ги нема макар заминале на завидна 89 годишна возраст. Така ни е за Роџер Мур, господин човек кому некогаш му замераа што изгледа преблаго за еден таличен агент на британската кралица. Ама на едно снимање како ќофте го има претепано Ли Марвин по што овој има изјавено „Го потценив, дечкото е карпа“. Роџер Мур, со зборови. Со свои зборови.  Повеќе

Личниот имот на Тито
19 Мај 2017

Сè уште постојат луѓе кои можат од прва рака да посведочат каков бил односот на Јосип Броз кон богатството, личниот имот, наследството, семејството, државата. Еден од нив е Раиф Диздаревиќ, некогашен претседател на претседателството на СФРЈ, во интервју за Ослобоѓење, од април 2017. Повеќе

Што еден народ може да научи од волците?
18 Мај 2017

Бидејќи оние силни историски лекции за формациите на фалангата и слично не ни помогнаа баш многу, да пробаме да научиме нешто од волците. Пазете, овде дури и за нив имаме погрешна претстава па ја шириме онаа дека „на волкот му е дебел вратот зашто сам си ја брка работата“. А не е баш така. Да видиме како функционира една волчја формација во секојдневието. Повеќе

Тираж на неделни магазини, топ 25 Југославија 1983
13 Мај 2017

Да, тогаш немаше интернет. Да, тогаш немаше он-лајн вести и агрегатори. Да, тогаш можеше да фатиш само 3 телевизиски канали. Да, тогаш немаше Фејсбук. Да, знаеме сè што немаше. Може сега да почнеме? Повеќе

Совети за руски туристи: Не ги споредувајте Кенијците со мајмуни
1 Мај 2017

Руското министерство за надворешни работи издаде брошура со упатства за тоа што Русите кои патуваат во различни земји треба, и уште поважно, не треба да прават за да не дојде до недоразбирање или конфликт со мештаните. Главна препорака за оние кои доаѓаат на овие простори е да пазат на зборовите кои содржат пичка и кур. Повеќе

Храм на модерната европска цивилизација
26 Април 2017

Кратка историја на кафеаната, колку да се потсетиме зошто сите реакционерни режими отсекогаш сакале да ја зауздаат и стават под своја контрола оваа драгоцена институција на културниот живот. Повеќе

Замина Раша Попов
24 Април 2017

Во 84 година од животот деновиве почина Раша Попов, новинар, забавувач, учител и симбол на многу детства. Зборуваше тој и за Боб Дилан и Марк Твен, за Гуливеровите патувања и најдобрите француски вина, но и за ѕвездите, осаменоста, љубовта и вистината... Повеќе

Ги оставив молерите сами во станот и подобро да не се вратев
23 Април 2017

Тој 6 август беше најлошиот ден во мојот живот. Добро, можеби не баш најлошиот ама сигурно најлошиот 6 август на сите времиња. Сè започна кога мајка ми успеа да ме убеди да не бидам во станот кога молерите ќе дојдат да фарбаат. Колку само се каев кога 15 часа подоцна ја отворив вратата и влегов во својата дневна соба. Повеќе

Велешко мезе
22 Април 2017

subject: Velesko meze??? Da ne si ja bara UREDNIKOT beljata ???? !!!! Повеќе