Трамп ќе прави нов НАТО со Македонија

Како одговор на видео снимката на која се гледа како европските лидери се подбиваат на негова сметка, изневерениот Доналд Трамп во средата соопшти дека официјално формира покул и помоќен НАТО со неговите нови пријатели Македонија, Оман и Суринам.

„Лузери, ќе ни биде многу позабавно без вас,“ порача на прес конференција командантот на воените сили на САД откако прогласи дека „НАТО е глупо.“

Тој објасни дека веќе насочил милијарди долари во новата алијанса за да се осигура дека „ќе имаме најдобар самит што сте виделе“.

„Франција и Канада мислат дека сe кул ама ние можеме комплетно да ги уништиме во тепачка. Веќе се сретнав со Стево, Квабоос и Дèси, ќе натнеме свилени сакоа и другите ќе изгледаат како смешки.“

На истата прес конференција, Тrамп веќе најави повлекување и од новата алијанса обвинувајќи ги другите членки дека не го плаќаат нивниот удел во буџетот.

* ахтунг: Онион

5 декември 2019 - 12:15