Редизајнирање на Светското првенство

Што и фали на графиката на ТВ преносите од Светско? Генерално ништо, ама само затоа што никогаш не сме ни помислиле дека целата работа може да биде каде каде подобра. Забелешката не е само за Мундијал, туку за сите ТВ преноси од фудбал. Решението е на двајца британски дизајнери. (Забелешка: графиките што се појавуваат кај нас, се превземаат на светско ниво, не ги правиме ние).

Дизајнот е заедничко дело на: Guus ter Beek и Tayfun Sarier (од Tribal Worldwide), и Jordon Cheung + George Grace. Нивната прва забелешка околу семафорот на телевизорот е што има ужасни комбинации на бои и што не искористен неговиот комплетен потенцијал.

Нивното решение е комплетен редизајн на семафорот, централно место има времето, а имињата на тимовите се на полиња во бојата на дресовите во кои игра соодветната репрезентација (ако се вклучиш подоцна во натпреварот да не се мислиш кој е кој на терен).

За дополнителното време е предвидена и поинаква анимација која ќе ја покажува разликата.

Графика во текот на натпреварот, која ќе дава различни податоци за конкретниот играч: број на картони, повреда, замена, време во игра и сл.

Посед на топка (на анимацијата се гледа движењето на поседот на топката од последното прикажување на оваа графика).

Формација пред почетокот на натпреварот да биде преставена многу појасно отколку во споредба со постојната графика.

На истата тема свој предлог имаат и од Биро Оберхаусер:

 

2 јули 2014 - 15:59