Како да вратиш пратен меил

Добра вест е што фората работи. Лоша вест е што важи само за Гмаил и функционира само во рок до 30 секунди откако си стиснал "send".

1. Отворете Гмаил и кликнете на иконата за "settings"

 

2. Клик на "settings" и таму клик на "labs"

 

3. Одете надолу додека да го најдете "Undo Send". Тука клик на "Enable." Откако сте го направиле ова, клик на "Save settings"

 

4. Секој пат кога ќе кликнете "Send" на меил, ќе ви се појави пораката "Your message has been sent" на која ја имате опцијата "Undo." Клик на ова и го откажувате испраќањето на мејлот.

 


5. Фабрички екстензијата е подесена да функционира до 10 секунди по испраќањето. Ако сакате ова да го зголемите на максималните 30 секунди, одете во Settings > General > Undo Send и тука избирате.

5 декември 2013 - 18:43