Како да изгледаш како да знаеш што правиш во животот

Се селиш од кај твоите и тргаш сам/а во живот. Блиски луѓе (што некако не се најблиски роднини што ти дремат по дома) ги договараш за вечера. Животот не ти е баш среден како што планираше, ама тоа не значи дека не можеш да фејкаш.

1. Купи тегли за во кујна и стави еден куп храна во нив (ориз, паста, житарки). Точно дека имаат совршено добро пакување уште во маркет, ама сега треба да изгледаш како домаќин/ка.

2. Стави неколку шишиња кисела и обична вода во фрижидер, за да личи ко да бираш што вода пиеш, а не дека си на чешмовача (што не е ништо лошо освен кога глуматаш).

3. Исчисти го тоалетот. Малку Арф, малку други средства, малку триење и одма друго ќе дојде.

4. Четки за заби, чешли и слично, треба да завршат во шкафче.

5. Од тие теглите оддели една за во нејзе да ставиш вода и некакво зеленило за јадење: магдонос, босилек, нане... да се создаде впечаток дека ти ги одгледуваш.

6. Неповрзани перничиња на кауч, без разлика колку се евтини и на кој попуст си ги купил, прво ќе скријат флеки и второ ќе изгледа како да си се потрудил да комбинираш нешто.

7. Стави книга (по можност тврда корица) до кревет, и обавезно обележи до каде си "прочитал".

8. Најди ја најголемата здела што ја имаш и наполни ја со лимони. Не прашувај, ќе заврши работа за изглед. (Претпоставката е дека знаеш дека треба да ги смениш за да не скапат.)

9. Покажи дека си способен да одржиш нешто во живот, а.к.а. посади некое растение во саксија. П.С. цвеќето на горната слика (jade plant) е бесмртно.

10. Затемни малку светлото, прво правиш пријатен вечерен амбиент, второ прашина помалку се приметува во темница.

11. Купи пристојни салфетки за да не се резилиш со ролната хартија пред гостите.

12. Преправај се дека не се сеќаваш што вино имаш за да не изгледа дека си купил само едно за гостите. Па што и да имаш во шкаф, донеси го и остави им го.

13. Направи печење. Ставаш месо и зеленчук во рерна и го оставаш таму еден час. Темпирај да биде готово околу половина час пред да дојдат гостите.

14. Не прави торта, извади свежо овошје и црно чоколадо. Ем нема да се малтретираш со правење, ем они не мора да се преправаат дека ти е вкусна храната ако си утнал.

15. Изненади ги сите со најразлични видови чај. Фората е: лажи. Наброј им 10 видови, што и да ти нарачаат направи еден од 2-3 вида што ги имаш во шкаф. Додека да им ги однесеш ќе заборават што побарале.

via

7 јули 2017 - 17:15