Ерген одев, порно ми беше

Приказна за една ергенска забава во Шведска. За тоа како лесно поминал младоженецот и зошто во иднина неговата сопруга нема баш многу да го бацува во образ.

Ете ја фотографијата од дечкото кој требал да се жени. Нормален дечко, нормална фотка.

Во Шведска не прават ергенски вечери туку обичај е другарите да го "киднапираат" младоженецот пар денови пред свадбата и да се глупираат заедно.

Исто и со нашиов јунак кој е морнар по професија. Го киднапирале, му ставиле капетанска капа, вештачка брада и го натерале еден ден да им биде шофер на јахтата. Минале фино, без посебни идиотарии.

На враќање, решиле да поминат една вечер во домашна сауна, за да се освежат пред свадбата.

Наишла и идната сопруга. Се изненадила кога ги видела голи.

Уште повеќе се изненадила кога видела дека сите другари на нејзиниот дечко биле комплетно избричени околу нивните гениталии.

А сега, видете ја фотографијата уште еднаш.

25 август 2012 - 08:28