Фото
Темата е многу неофицијална, без некоја посебна огранизација или поврзаност на авторите. Заедничко за сите е што доаѓаат од некоја земја од Источна Европа и се мурали со големина на зграда. Колку и да е општо „Словенска девојка“ им е најконкретното множество кое ги опфаќа сите овие дела. Повеќе
Каталогот не е само за гледање туку и за нарачки, и е обид на Вартекс за да започне продажба преку телефон. Како што доликува на секоја ваква понуда и тука Вартекс ја плаќа поштарината и патните трошоци за испорака на нарачаната облека. На крајот од 1966 (каталогот важи од октомври 1966 до крајот на јануари 1967) курсот на динарот е 3,13 динари за 1 германска марка, или 12,5 динари за 1 американски долари. Според бројките од српскиот завод за статистика, тогашната просечна плата во Србија е околу 650 динари. Повеќе
Тоа што по навика се објаснува како „филмска магија“ луѓево го викаат „бевме на работа“, иако во дел примериве баш изгледа магија крајниот резултат што го добиле. Повеќе
Украинец од својата кујна има директен поглед на локалниот парк и една импровизирана клупa сместенa таму. Една работа што сфаќа е дека комшиите, а и кој и да помине од таму, имаат многу мерак на седење на клупата, „кога и да излезев на прозор обично имаше што да се види.“ Зема апарат, го остава во кујна, и веќе 10 години вади фотки од клупата. Повеќе
Ова не се решенија на луѓе што немаат пипнато алат или работа, туку на намачени луѓе. Може не намачени, ама снаодливи сигурно. Повеќе
Токио во понеделникот ги имаше најголемите наноси на снег во изминатите неколку години, со заглавување улици, прекинување железнички сообраќај и откажување летови. Еден ден подоцна сето ова беше средено, а Токио ги имаше некои од најдобрите снежни скулптури што некогаш биле направени. Повеќе
Човештвото се опаметува, решава да ја врати својата евтино продадена слобода и се ослободува од „магијата“ што социјалните мрежи ја имаат фрлено врз нивниот живот и секојдневие. Без верници, боговите на интернетот полека пропаѓаат и стигнуваат до својот природен крај. Мрежите кои некогаш го изменуваа текот на историјата, се во пост-апокалиптични рушевини, а од нив е останат чат-пат по некој неонски знак кој исто така ситно брои. Никогаш! Повеќе
Проминентниот фотограф пјотр Титаренко (има работено за Вог, Харперс Базар, Форбс), сликнал 12 руски хокејарки од седум тамошно клубови. Лесно ќе пролизгате низ галеријата. Повеќе
Не е нешто ефтино, ама изгледа многу научна фантастика. Имаш три големини, од кои најевтината е со површина од 27 метри квадратни. Одиш, потпишуваш договор и во рок од 10 дена ти праќаат дизјан за тоа што си побарал. За уште 60 дена ти ја испорачуваат. Кога ќе стигне на плац им треба 6 часа за да ти ја постават. И изгледа крајно солидно. Повеќе
Фотографиве стануваат фела која е крајно упорна да покаже дека за да си добар фотограф, најважно е да си добар фотограф. Односно дека не е важно каква опрема имаш, каде фотографираш, што и кого фотографираш. На тема локација, девојкава сака да ја докаже поентата со фотосесија сред маркет за алат и слична опрема. Повеќе
Патот до добар фејк почнува од комплетна незаинтересираност за оригиналот, и со таква почетна позиција речиси и да нема крај на можните комбинации. Повеќе
Comedy Wildlife Photography Awards е годишен натпревар кој треба да ги извади најсмешните пози во кои годинава било фотографирано некое животно (најчесто во дивина). И не, не се сите грациозни, величенствени и спектакуларни, туку и они знаат да бидат чисто црепови и морони. Ова се дел од финалистите за 2017. Повеќе
Агорафобија е страв од отворен простор, јавни места и многу луѓе, и најчесто резултира со самонаметнато затвореништво во сопствениот дом. Џеки Кени е од Нов Зеланд, живее во Лондон, и страда од агорафобија. А и се шета и се плаче. Драмата на Кени значително се стишува кога таа го открива Гугл стрит вју, и сега не се симнува од сервисот. Како што „патува“ низ Стрит вју, така почнува да прави принтскрин од места на кои била и да ги објавува на Инстаграм. Моментално на Инстаграм ја следат над 80.000 луѓе, и чекаат да видат на кое ново место ќе ги однесе. Повеќе
Се вика Илона Бугаева, 18 години, Санкт Петербург. Младата Русинка сака да се преправа во познати филмски ликови и тоа го прави толку добро што кога ќе ги прелистате нејзините фотографии, нема да ви биде јасно како таа всушност изгледа. Повеќе
Да не седи бадијала додека му се реновира НОМА во Копенхаген, Рене Реџепи реши со својата екипа до отиде на еден месец во Мексико. Се врати со 4,2 милиони долари. Повеќе
Фото-бомба се вика кога неповикан ќе се испрчиш на нечија слика. Оваа е „на денот“ бидејќи натрапникот не е меѓу двајца луѓе туку меѓу две небесни тела. Повеќе
Иако наликува на уметничка слика од руска школа од 19-ти век, фотографијата е од почетоците на една историска политичка кариера од крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Лето 1990, Ангела Меркел како дел од својата од прва кампања за пратеничка во Бундестагот седнува на шнапс со рибарите од островот Риген. Меркел победува на овие избори и на следните шест. Повеќе
Имаше многу фотографии од последниот Г-20 самит но една од нив ги собра сите вирални симптоми. Онаа на која Путин седи како Ѕинго на пауза од конгрес на социјалисти. Повеќе
Кога ќе ги види новите верзии, човек неочекувано може да го пукне носталгија по старите за кои ни во лудило не помислил дека ќе му фалат. Што по стариот добар Боки - нејќам еден, нејќам два, три комада сакам ја - 13, кога беше безбедно заклучен во српско реално шоу со најпрецизен опис на станарите (Фарма), што по претходната будалетинка од Белата куќа, по кого на претходниот сајт имавме крстено и рубрика (Бушалаштини). Повеќе