Зезалици

Најголемата компанија во историјата на човештвото во споредба со денешните тешкаши
13 Декември 2017

Се вика Дач Ист Индија компани, постои од 1602 до 1799 година, и во овој период комплетно го има променето текот на историјата, на нејзино барање се водат војни, се поробуваат и уништуваат цели народи, и целосно се црпат ресурсите на цели нации. Повеќе

100-те најдобри песни на 2017
8 Декември 2017

Ако сакате да проверите до каде сте со годините и колку имате изгубено осет што денес се смета добра нова музика, фатете разгледајте ја листата на 100 најдобри песни на 2017 според Нојзи, а да се разбереме, Нојзи знаат што е добра музика. Повеќе

Како љубезно да критикуваш
5 Декември 2017

Артур Мартин своевремено препорачува „во несогласувањето околу моралните и научните прашања, гледај целта да ти биде да дојдеш до вистината, а не да го поразиш противникот. Така, никогаш нема да загубиш расправа, само ќе стекнеш ново откритие.“ Има и еден друг пристап. Повеќе

Интернетот прежали погрешен Менсон
27 Ноември 2017

За социјалните мрежи важи она што важи и за планетава. Вкупниот квоциент на интелигенција е константа, проблем е што него го делат сè повеќе и повеќе луѓе. Повеќе

Направи сам, викендичка за 6 часа (и 28 илјади евра)
23 Ноември 2017

Не е нешто ефтино, ама изгледа многу научна фантастика. Имаш три големини, од кои најевтината е со површина од 27 метри квадратни. Одиш, потпишуваш договор и во рок од 10 дена ти праќаат дизјан за тоа што си побарал. За уште 60 дена ти ја испорачуваат. Кога ќе стигне на плац им треба 6 часа за да ти ја постават. И изгледа крајно солидно. Повеќе

Грди локации и добри фотки
22 Ноември 2017

Фотографиве стануваат фела која е крајно упорна да покаже дека за да си добар фотограф, најважно е да си добар фотограф. Односно дека не е важно каква опрема имаш, каде фотографираш, што и кого фотографираш. На тема локација, девојкава сака да ја докаже поентата со фотосесија сред маркет за алат и слична опрема. Повеќе

Оригиналите се преценети
15 Ноември 2017

Патот до добар фејк почнува од комплетна незаинтересираност за оригиналот, и со таква почетна позиција речиси и да нема крај на можните комбинации. Повеќе

Ајвани 2017
10 Ноември 2017

Comedy Wildlife Photography Awards е годишен натпревар кој треба да ги извади најсмешните пози во кои годинава било фотографирано некое животно (најчесто во дивина). И не, не се сите грациозни, величенствени и спектакуларни, туку и они знаат да бидат чисто црепови и морони. Ова се дел од финалистите за 2017. Повеќе

Тематско Луи СиКеј пакетче
10 Ноември 2017

Мастурбирање, секс, порно, патриотизам, депресија, расизам и другите теми што брилијантно ги работеше „човекот што го кажува она што сите го мислиме“. Повеќе

Октомвриската револуција во живо на интернет
7 Ноември 2017

Октомвриската револуција е „октомвриска“ само затоа што тогаш уште се смета по „стариот“ календар, инаку по денешното броење на деновите се паѓа на 7-ми ноември. Денес е 100 години од Октомвриската револуција, и во таа чест на интернет е поставен „Проект 1917“ или како би изгледала Октомвриската револуција кога од минута во минута би била пренесувана на социјални медиуми, со твитови и фб статуси од Ленин, Троцки, Дан и компанија, снимки од вонредни вести и извештаи од случувањата. Повеќе

5 работи што станаа поштетни од пушење
7 Ноември 2017

Бројот на пушачи меѓу возрасните во САД е паднат од 42% во 1965 на 15% во 2015. Како што оваа опасност почнува да се стишува, така научниците почнуваат своето внимание да го вртат кон животни ризици кои се во подем и зафаќаат се поголем удел од црните статистики. Повеќе

Инстаграм туристот што не мрда од дома
6 Ноември 2017

Агорафобија е страв од отворен простор, јавни места и многу луѓе, и најчесто резултира со самонаметнато затвореништво во сопствениот дом. Џеки Кени е од Нов Зеланд, живее во Лондон, и страда од агорафобија. А и се шета и се плаче. Драмата на Кени значително се стишува кога таа го открива Гугл стрит вју, и сега не се симнува од сервисот. Како што „патува“ низ Стрит вју, така почнува да прави принтскрин од места на кои била и да ги објавува на Инстаграм. Моментално на Инстаграм ја следат над 80.000 луѓе, и чекаат да видат на кое ново место ќе ги однесе. Повеќе

Кратка историја на Балканот
6 Ноември 2017

Место каде што Римјани тепаа Авари за потоа Авари и Словени да тепаат Римјани па после Словени тепаа Келти и Угари за потоа Словените да бидат тепани од Турци и Угари кои се тепаа и меѓусебно за на крај Турците да бидет потепани а на Словените да им остане да се тепаат со Угари. Повеќе

Да ја вратиме неделата
6 Ноември 2017

Kрајно време е да ја вратиме неделата. Ако тоа брзо не го направиме, никогаш веќе нема да ја видиме. А живот без недела, односно, живот без одмор, веќе не е живот, туку тегобен рингишпил кој се запира само еднаш - тогаш кога е доцна за сè. Повеќе

Човекот кој прв ја импровизираше американската химна
3 Ноември 2017

До 1968 година, американската химна се пеела канонски строго, како што налага оригиналот. Но тогаш на сатдион излегува еден слеп човек, со гитара в раце и отпејува своја верзија на химната. Оттогаш „The Star Spangled Banner“ никогаш не звучи ама баш исто. Повеќе

Оригинал девојка
2 Ноември 2017

Се вика Илона Бугаева, 18 години, Санкт Петербург. Младата Русинка сака да се преправа во познати филмски ликови и тоа го прави толку добро што кога ќе ги прелистате нејзините фотографии, нема да ви биде јасно како таа всушност изгледа. Повеќе

Оффнет, корисничка поддршка
1 Ноември 2017

Фушерски и без стратегија ги користиме ние тоа мрежите. Ќе споделиме наша содржина ама после тоа ретко се враќаме да видиме што се коментира и каков е „гласот на народот“. Криво ни е што немаме време да ги прочитаме сите умни, луцидни или духовити коментари. А некогаш уште покриво ни е што сме ги прочитале оние другите. А не се да им ќутиш. Или бар да не удриш на заеб... зафрканција. Повеќе

Девет животни лекции од Тим Минчин
31 Октомври 2017

Не биди  во постојана потрага по среќа. Среќата е како оргазам, ако многу мислиш на тоа, ништо од тоа. Не мора уште сега да знаеш што ќе правиш со остатокот од својот живот. Повеќето луѓе кои знаеја што со себе кога имаа 20 години, сега се во тешки кризи на средните години. И не биди сељак со келнери. Повеќе

Дизајнирање игрица: „Проблем со вратата“
30 Октомври 2017

Дизајнер на игри за многумина звучи како некоја шалабајзерска работа. Но, од страна, и атомска физика на многумина зналци од општа пракса им звучи како нешто за кое тие имаат уважено и небитно мислење. Ајде да расчлениме што сè треба да  реши еден дизајнер на игрица, и тоа само во поглед на вратите во играта. Повеќе

Пушењето, лагите и државата-дадилка
27 Октомври 2017

Толку многу сме пишувале за пушењето и другите нездрави навики што ни го прават животот поубав, што не чувствуваме посебна потреба да се вклучуваме во последната епизода за законот. Ама па, зошто да не?
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ви подготвивме текст за кој ќе треба да одвоите доста време. За непушачите тоа не би требало да биде проблем бидејќи и онака ќе живеат долго. Повеќе