Животни

Како се почитуваат полни линии
1 Декември 2019

Во земјата од кое потекнува видеото, веста е дека на пат се нашла крава. Кај нас, вест е како во онолкава колона не се најде ниеден вол, од „оние паметните“. Повеќе

Видео за слободата
21 Ноември 2019

Кога (на своја кожа) сфаќаш дека слободата не е баш онаква каква што си ја замислувал додека си ја чекал. Повеќе

Црнецот е, друже судија
20 Ноември 2019

Може не е убаво да си црна овца ама далеку побетер е да си црно куче, во дом со уште три бели кучиња. Можеби малиот стварно е кабаетлија во врска со саламата ама погледнете како убедливо го накодошија овие од Кју Клукс Клан. Повеќе

А да терате вие без мене?
21 Октомври 2019

Како се чувствува просечен Македонец кога партиите ќе почнат да го викаат да излезе на избори за да им го даде својот глас. Повеќе

Мачки, семејна ситуација
16 Октомври 2019

Две мачки се галат ама доаѓа уште некој кој дотогаш верувал дека кога него го нема, само глувците оро водат. Колку што ние го разбираме нивниот јазик, откако „јунакот“ инстантно кидна, црната го прашува неочекуваниот дојденец: „Од кај па ти овде, нели ќе одеше до контејнер?“ Повеќе

Кожата на идните скопјани
18 Септември 2019

Уште неколку вакви (никакви) прскања против комарци какви што ги изведоа Шилегов и надлежните служби оваа и минатата година, и има ние по цело тело да си развиеме кожа каква што тие имаат на образ. Ѓон. Повеќе

Оскарот за најдобро одиграна улога оди кај...
16 Септември 2019

Кучето, мачето, змијата, глувчето, рибата... Повеќе

Најблиското нешто до епизода на „Опстанок“ што ќе изгледате денес
23 Август 2019

Што ќе се случи ако во тегла (од тие големите за туршија) ставиш морска вода, песок и алги, и херметички ги затвориш на една година? Не, нема сè да преживее, не, нема сè ни да умре.

  Повеќе

Бикот кој испадна вол
20 Август 2019

После ова, бикот им има објаснувано на другарите, нема везе, ме наместија.... Повеќе

Со богомолка да си немаш работа
15 Август 2019

Сите легенди за оваа фам-фатал се вистинити, ако не и ублажени. И не мора да падне скес, доволно е да падне помисла да ја заебеш. Кутар гуштер, на кого удри. Повеќе

Не е Русија за спиење по ливади
7 Август 2019

Ако може да нарачаме спиење би сакале од тоа што го добил тој вториот. Исто така, овие со камерата можеа да бидат малку повознемирени околу целата ситуација што се развива пред нив. Повеќе

И коњ знае кога му е доста да го јаваат
23 Јули 2019

Коњ, воспитан, питом, послушен. Туристи, американски, дебели, упорни. Поука, веројатно ќе им потрае. Повеќе

Твое десно
9 Јули 2019

Видео снимка од лице в лице ситуација со возрасен машки лав. Со сигурност оваа фаца на лавот значи: Можеби треба да престанеш да зјапаш во мене и да погледнеш десно. Повеќе

Витештво кое преживеало
5 Јули 2019

Тепачка за територија меѓу две мечки, и тоа жестока, каква што и само може да биде меѓу два вакви капиталци. Но, пазете, нема тука желба да се уништи и дотолчи противникот, да се згази и да не му текне да стане, како што има во оние човечки тепачи во кафези, како на избори или на политички ТВ дебати. Просто, одмерување на силите. Некој ќе се повлече и тоа е тоа. Има човекот уште многу да учи од „дивите“ ѕверови. Повеќе

Песови кои играат мрежно
3 Јули 2019

Три кучиња имаат задача да натераат 5 гуски да пројдат низ обрач па потоа под девојче кое прави мост. Како ли се постигнува ваква дресура? Повеќе

И кравата е човек
2 Јули 2019

За да биде среќно, секое живо суштество има три фундаментални потреби: за храна, за вода и за гушкање. Повеќе

Садизам со комарец
1 Јули 2019

Време е за мала одмазда на крвопијците. Само треба да најдете некој од оние кои ги убедиле дека не постои друг пат па упорно бодат во празно, тешејќи се дека се блиску до целта. Повеќе

Жнеење на последното парче
21 Јуни 2019

Се фуфкаа од белјите во комшилукот ама се туткаа и си викаа дека нема да дојде кај нив. Белјите звучеа сè поблиску ама тие си викаа, можеби ако уште малку се збиеме, нема баш да нè потрефат. Се стуткаа уште еднаш и се правеа дека не го слушаат звукот на машинеријата која расчистува терен околу дивите племиња. Повеќе

Со лав само на руски можеш да се разбереш
8 Јуни 2019

Се вика Олег Алексеевич и нема појак од него. Лавица има грабнато јакна од некој турист и си игра со неа. Пошто не му ја пушта јакната ( а ја бапна и со папуча по глава), Олег му вика на еден лав да биде другар и да помогне. Го разбра бе!. Повеќе

Не требаше да го видиме ова
29 Мај 2019

Во редакција си се лажеме дека е некоја намештаљка, анимација, такво нешто. Пошто ако прифатиме дека е вистина, ние во Атлантски океан (кајшто живее гадов) ние нога веќе не ставаме. Ѕирнете за да сфатите како ни се одмили една од омилените пцовки (со опроштење, „у уста те пунам“) за која досега верувавме дека е универзално употреблива. Повеќе