Прав муслиман не мириса на Пино Силвестре

Група избезумени Пакистанци навалиле на млади борови садници па ги корнат со таква страст, небаре со шејтанот химселф си имаат работа. Зошто? Затоа што Исламот забранувал нивно садење. Не знаевме дека Коранот е толку ботанички детален.

********

Едит:

Здраво,

Статијата на линков има целосно неточна сторија. Знам дека не ви е многу гајле, ама толку многу е фејк, што не можев да не пишам. Извор: маало гуглање ќе ве доведе до вистинската приказна.

Сторијата е *двојно* неточна:

1) Вистинската случка е дека некој богаташ во Пакистан почнал акција за садење дрва, ама на приватно земјиште. На локалните жители тоа очигледно им пречело.

2) Фејк приказната што се шири низ светов (со десетици илјади ретвитови) е дека „садење дрва е против исламот“. Значи, тоа е неточно. Тоа НЕ е приказната.

3) А приказната на линков е уште пофејк, дека „боровите се против исламот“.

Правете што сакате со ова.

Поздрав,
Алек

11 август 2020 - 10:11