Забава

Руска душа, словенска и нуклеарна
16 Март 2019

Пред ревносните фанови на НАТО да почнат да паничат и загрижено да вртат телефони во седиштето на Алијансата со предлог „Ние од Северна цениме дека е крајно време превентивно да удриме на Русија“, само да ви кажеме дека ова е стара заебанција а песната ја има напишано војник на Советскиот Сојуз. Повеќе

Рафално позирање
16 Март 2019

Во Кина изгледа немаат многу време за фотосесии па моделот натенане да се мести и да фаќа различни пози. Цурава прави три пози во секунда. Ако фотографопт не успее да ги фати, Жао Ми Је.  Повеќе

Каде погрешивме?
16 Март 2019

Можда може роман да се напише за оваа сцена, за сè она што на човекот му минува низ глава во овие моменти. Ама пошто никој не чита романи, видео. Повеќе

Жена, тетка, шампион
7 Март 2019

Кој друг ќе ги изведе децата на прав пат и ќе им ја покаже сета суровост на светот, ако не жена што не ги родила. Повеќе

Значењето на војничката чизма
7 Март 2019

Многумина се спрдаа со странските донации за АРМ во вид на чизми и цокули и со начинот на кој министерката стручно ja анализираше донирaната опрема, мислиш има диплома од Воената академија ЧИК - Куманово. Не се заебавајте, чизмата знае да биде драгоцен војнички сојузни во некои ситуации. На пример, кога треба да се дадеш во јуриш. Или, поверојатно за кај нас, кога треба да се дадеш во збег. Повеќе

Другар и ретард
7 Март 2019

Прво ќе помислите дека е од оние смислени заебанции. И после ќе во стане јасно дека он тоа озбилно! Гение. Повеќе

Опишете ја својата возраст со еден збор
4 Март 2019

Ферски е прво да го одберете зборот кој ја дефинира вашата возраст па дури потоа да го погледнете ова видео во кое истото тоа го прават луѓе од 4 до 95 годишна возраст. Не го рачунаме за спојлер ако ви кажеме дека најдражесни се одговорите на најмалите и на најстарите. Сè што е помеѓу тие две крајности од животниот циклус (тоест ние, тоест вие) звучи некако „тупаџиски“ во однос на себе. Повеќе

Како функционира расипан телефон
4 Март 2019

Играта ја знаеме но механизмот функционира на ист начин и во невербалната комуникација, дури и збор да не се проговори. Имајте го ова на ум кога некој ќе ви каже „Не те лажам, со свои очи имам видено.“ Да, ама која рака си бил во ланецот на видување? Повеќе

Тој не го менува, ние го сменивме
28 Февруари 2019

Па уште кога ќе се жени па сопругата ќе посака да го додаде неговото презиме на своето.... Повеќе

Брегзит за 32 дена, во 37 секунди
26 Февруари 2019

До Брегзит остануваат уште 32 дена. Во 30 и кусур секунди приказ на тоа кој колку озбилно го сфаќа тоа. Доналд Туск - зборува. Тереза Меј - зборува. Жан Клод Јункер - му ѕвони телефонот. Гаси еднаш, двапати, се јавува. Објаснува дека морал да се јави бидејќи ТАА не би престанала да ѕвони. Која е таа? Повеќе

Вам не ви е денот?
25 Февруари 2019

Дечкото од кого осигурителни компании бегаат како ѓавол од крст. Ако против малери некои одат на бајачка, овој треба да им отиде на светски конгрес. Повеќе

Звукот на оружјето
25 Февруари 2019

За тие што ја имале таа несреќа не по своја волја од блиску да слушнат оружје, рафалите секогаш ќе ги потсетуваат на некои од најстрашните моменти од нивниот живот. Ама не мора тоа секогаш да е така. Повеќе

Кога Масимо ќе се напуши
17 Февруари 2019

Масимо Савиќ, изненадувачки ведар и незапирливо насмеан, на теми бесење, плачење и слични радосни топици. Од сега, онаа негова „Сјај у тами“, ќе си ја потпевнуваме како што треба: „Сјај у трави“.  Повеќе

Изворот на српските јогини
11 Февруари 2019

По повод видеото „Радо Србин во јогини оди“, читател ни дојавува од каде тие регионални замлати најверојатно ја земале идејата (а многу веројатно е дека е вистина, бидејќи денес најдобро умрежени се лудите). Еве ги собрани, ќе кажат дека имаат рак или Паркинсон, и сите паѓаат во несвест од смеење. И ок, разбираме ние дека е фино да се има позитивен став кон бељите, ама како ќе ти помогне ако со сила се смееш на нешто?  Повеќе

Тешко за несвест
11 Февруари 2019

Ова отсекогаш ни било мистериозно, тоа што некои луѓе имаат потреба да одат до некое посебно место за да дигаат нешто тешко ( и главно плаќаат за тоа, а дома им стојат креденци и троседи за џабе). Ама, да дигаш толку тешко за да се онесвестиш, тоа ќе мора некој посебно да ни го објасни.  Повеќе

„Руски токмак“
11 Февруари 2019

„Руски токмак“ е цивилна, ненасилна и бенигна верзија на „руски рулет“, иако не звучи така. Руси си играат со токмак и тоа да е бенигно? Ама, така е. Повеќе

Нема нешто да видиме а да не си расипеме раат
7 Февруари 2019

Ова е една едноставна механичка генијалност за сортирање овошја ама „Еве на!“ ако по истиот принцип не функционира и сортирањето партиски кадри: колку поголем шупак си, толку посигурно влегуваш во корпите кои поскапо ќе се продадат. Повеќе

Портретите на Доријан Греј, во живо
7 Февруари 2019

Ја знаете таа приказна (од книгата на Оскар Вајлд, од филмовите) за човекот кој ја продава душата на ѓаволот заради желбата да се остане млад и убав, па тој живот живее додека портретот старее наместо него (спојлер: таа лакомост никогаш не завршува на арно). Ова, за среќа, престанува на време. Повеќе

Женска, нешто си ми познат
2 Февруари 2019

Допрва ќе ни се мати паметот кога некои опции за видео едитирање ќе станат секојдневни и ќе ги има во секој телефон. Видете го овој мешап од Стив Бушеми и Џенифер Лоренс. Повеќе

Крив правец
2 Февруари 2019

Можно е нему и порано да му станало јасно дека како што тргнал, тоа нема добро да заврши, ама сипомислил, ај, ќе ми текне нешто на крај. И да, му текна. Повеќе