Спорт

Комшија Паспаљ
28 Август 2019

Ти го мислиш Паспаљ дреме на некоја плажа во Шпанија, индексира што сè поминува по песокот, стратешки позициониран на некој шанк, ама не, човекот има и попаметна работа. Паспаљ (кошаркарската легенда со сите свои светски злата, слава и пари) два месеца, сам самцат, те со косилка, те со мотика, те со ножици, го средува заедничкиот двор пред зграда, за себе и сите комшии. Става и кош, само сега нема кој да игра, или сите се старки или се многу мали. Александар Ѓорѓевиќ, Дејан Томашевиќ и српскиот кошаркарски сојуз го средуваат ова. Повеќе

Најлошиот каратист што некогаш се родил
23 Август 2019

Кога доаѓаш на натпревар претпоставката е дека барем нешто од нешто имаш совладано. Ама не, ова нема ни држење, ни техника, ни знаење, ни волја малку од малку да напредува. Дебакл. Воопшто немало потреба ни да се појавува. Резил! Повеќе

Ви се гледа баскет? Од 1939-та?
19 Август 2019

Ова маалски се вика „фрљотка“, ама тоа не им смета да го наполнат Медисон сквер гарден со 16.000 навивачи. Веројатно вака и ќе останеше американската кошарка да не дозволеа црнци да почнат да играат. Повеќе

Директно од првите редови на глобалното затоплување
15 Август 2019

Велсање кајак е фино хоби за луѓе што сакаат вода и живеат покрај езеро (или која било друга вода), а ги мрзи да пливаат. Низ дивините на Аљаска ова хоби изгледа уште помагично... барем додека пред тебе не ти се распадне којзнае колку тонски глечер. Повеќе

Серена вс. кауч тенисери
22 Јули 2019

Неодамнешна анкета во Британија покажува дека 12% од британските мажјаци (веројатно истите се силат и дека „па јас од тука би дал гол“ во Премиер лига) се под впечаток дека можат да ѝ земат поен на Серена Вилијамс. Како што ќе забележиш од овие кутриве примероци кои успеале себе си доволно да се охрабрат за да излезат на терен против Серена, прво треба да и вратиш серва за да и земеш поен. Повеќе

Најголемата вистина за интервјуата со спортисти после натпревар
19 Јули 2019

Кога распрашуваш некого после 2 часа трчање немој да очекуваш дека човекот ќе има доволно кислород во мозок за да ти даде пулицеровски одговор што ќе се памти. Веројатно човекот само сака да собере душа. Повеќе

На точак, на карамбол
4 Јули 2019

Што може да појде на лошо ако 700 луѓе истовремено тргнат со точак по иста падина на француските Алпи во која се тргнува од 3.400 метри надморска височина а спустот трае 25 километри? Победник на трката „Пекол од планина“ е Килијан Брон и тоа е најмалку важната информација околу неа. Повеќе

Една прерано завршена боксерска кариера
21 Јуни 2019

На Јутјуб Џими Смит се води како најлошиот боксер на сите времиња, и не се во право. Сепак главно разочарување е што овој обид од професионален боксер има само еден меч во својата карирера, а изледа како да може многу, многу повеќе да и понуди на публиката. Повеќе

Колку разлика прават неколку децении кај пит-стопот
27 Мај 2019

Додека низ децениите сè нешто наоѓаат да им скратат на Ф1 болидите за да ги направат побезбедни (поспори), пит-стопот изгледа како да е единствен сегмент во кој нешто се се забрзува. Денес ова изгледа како да не е човечки можно побрзо да се заврши работа. Веројатно исто им личело и на овие што менувале во 1981. Повеќе

Орбитрек напусти куќу, време е за веслање дома
28 Март 2019

Се вика Хајдроу и е скапо, во класа некаде на премиум статични велосипеди (Пелотон и сл.). Скапо = 2.400 долари само машината. Ако уште ви е тука паметот, Хајдроу излегува во мај. Повеќе

Човекот кој го пази човекот кој пази
24 Јануари 2019

Ако по ништо друго, американскиот фудбал е фасцинантен по тоа како во него е разработен секој детал. Ама баш секој детал. Повеќе

0.062 милји под морето
16 Ноември 2018

Тоа на нашки е точно 101 метар. Дечкото зема (голтна) воздух неколку пати и со пераји тргна удолу, на длабочина на која поради притисокот, човечките бели дробови се собираат колку пепељара. Повеќе

Спринтерскиот ритам на маратонецот
3 Ноември 2018

На учесниците на „Чикаго маратон 2018“, организаторите им поставија подвижна лента која се движи со ритамот на рекодно истрчаната маратонска должина на Елиуд Кипчоге. Самите да почувствуваат со кое темпо 33 годишниот Кениец трчаше цели два часа во Берлин. Неверојатно.е колку е тој различна машина од сите други човечки сусптества. Повеќе

Тајна норвешка занимација на денот
5 Септември 2018

Ти ги мислиш убиј боже досадни, они да ти биле нација на каскадери. Ви претставуваме натпревар во фрлање во базен на стомак, или како што локално го викаат „смртен скок“. Повеќе

Логистика на Формула 1
11 Јули 2018

Тоа што се случува во бекстејџ на Формула 1, за сите учесници во „циркусот“ да стигнат на време и да функционираат, е идентично фасцинантно како  науката и технолошките достигнувања на самите болиди. Пример како целиот екипаж, тони опрема, болиди и сè до последна ситница да стигне од Бахреин до Кина за помалку од една недела? Просто, пакувањето во Бахреин почнува пред воопшто да почне трката во Бахреин. Повеќе

Многу е добро како Американците си го замислуваа фудбалот во 90-те
4 Јули 2018

МЛС е најновата реинкарнација на американската прва фудбалска лига. Основана во 1993 (пред Мундијалот во САД), а првата сезона почнува во 1996. И одејќи по логиката дека они ќе го унапредат светскиот фудбал, во првата сезона решаваат да воведат сопствена верзија на пенал серијата. Повеќе

Серкалона вс. Дијареал Мадрид
14 Мај 2018

Дербито овој пат одиграно од тимови составени исклучиво од Норвежани, и тоа добро најадени Норвежани што после оброк дрмнаа по една чашка ултра-силен лаксатив. Повеќе

Некогаш многу е тешко да браниш фудбалери или фудбалски тренери
10 Април 2018

Ние разбираме дека насилство нема што да бара во спорт, ама за првиот тренер би било добро да се потруди по дома да не му го дознаат клипов за колку толку да зачува достоинство. Повеќе

Грција против Македонија: Нешто убаво
22 Јануари 2018

Снимката е од 2016 година и доаѓа од Мелбурн. За да го разберете овој наш наслов кој звучи неверојатно во денешниве прилики, доволно е да ги одгледате првите три минути. Интонирање на двете химни, проследено нормално, достоинствено и со почит. Кого го занима рагби, нека гледа сè. Повеќе

Да се разбуди пингпонгарот во вас
4 Јануари 2018

Компилацијава најдобри пинг-понг потези од годинава е толку добра што сме на раб да почнеме да размислуваме да не случајно ни се игра. П.С. Кој да знае дека пинг-понг има вака возбудени коментари. Повеќе