Реклами

Кој штеди, има. Ама...
15 Ноември 2018

Додека неговите другарчиња си тераат безгрижно детство со сладоледи, грицки и играчки, малиот решава сите парички да ги заштедува во својата касичка за еден ден да го оствари својот сон. Бруталниот крај на приказната станува разбирлив кога ќе видите за што е рекламата. Повеќе

Реклама на Гринпис им дојде малку премногу на британските цензори
9 Ноември 2018

Божиќната реклама која е соработка меѓу Гринпис и синџирот супермакети Исланд, е забранета во Британија по основа дека содржината и е премногу политичка. Рекламата е цртан со девојче и мајмунче, во кој ова второво се жали дека човекот му ја има уништено целата џунгла во име на производство на повеќе палмино масло и шампони. Повеќе

Апарат за размена на бонбони
1 Ноември 2018

Компанија за слатки смислиле згодна реклама. Направиле автомат во кој се оставаат сите несакани бонбони кои се добиени за Хеловин и за возврат се добиваат нивни благца. Ќе треба ваква за костени и портокали, кај и да е, ќе дојде Коледе. Повеќе

Мобилните го возвраќаат ударот
1 Ноември 2018

Целата штетност од смартфоните, без разлика дали медицинска или општествена, се некако успеваме да ја накалемиме на уредите притоа триумфално давајќи си комплетна колективна амнестија сами на себе, дека не можеме ништо да направиме во врска со тоа што се случува. Од телефонска перспектива работите стојат поинаку. Повеќе

Хокеарски. Клуб. Кенија.
22 Октомври 2018

Нормално дека се единствен ваков клуб во земјата (а веројатно и пошироко), и како такви немаат ама баш никој со кого да се пробаат. Без разлика што дефицитот на противник им го средија само во име на реклама, пак е фино на некого да му направиш мерак. Повеќе

Дечурланска рапсодија
7 Септември 2018

Џон Луис е ланец на стоковни куќи во Британија кој надвор од островот е познат главно по своите реклами. Ова е уште една рецка во нивното резиме, овој пат со цела банда дечурлана и Боемска рапсодија. Повеќе

До кампањата и пред неа
5 Септември 2018

Како што е неспорно дека Најк помогна во агендата и борбата на Колин Каперник, така е неспорно и дека хејтот што кампањата го доби во САД направи правичниот дел од јавноста инстантно да заборави дека станува збор компанија која им дава понижувачки плати на работниците во фабриките во југоисточна Азија и затајува милијарди долари данок низ цел свет, без да дискриминира дали тоа е Европа, Африка или Америка. Ова е првата видео реклама од соработката. Повеќе

Инвестирај во Германија
4 Септември 2018

Ако некогаш имало излишна кампања тогаш тоа веројатно е „Германија работи“,  совршено скоцкана кампања која како да има потреба те уверува дека Германија работи, функционира, истражува нови полиња, народот има долг животен век и што уште не. Генерално ти го кажува сето она што ти го мислиш за Германија. Повеќе

Нема попоштена реклама од ова
3 Септември 2018

Постојат модерни производи чиј историски багаж толку им тежи што на луѓе не може од глава да им излезе. Некои тоа го сфаќаат па решаваат да ги извадат работите на виделина. Генијално. Повеќе

Битката Кока-кола вс. Пепси низ децении реклами
29 Август 2018

Ако некогаш си се сомневал во моќта на рекламата, само следи како џингл на Кока-кола успева да му го привлече вниманието на 5-годишно дете стандардно незаинтересирано за што било околу себе. Не дека Пепси е нешто послаб. Повеќе

Расизам? Lighten up
12 Април 2018

Нема шанси на маркетинг тим на компанија како Хајнекен да им се омакне контроверзниот момент во нивниот штотуку повлечен рекламен спот. Ама, битно да се врти муабет. Значи шанкер пушта пиво, пивото лизга и продолжува покрај неколкумина црнци за на крај да застане кај една бела жена. А слоганот на пивото е „Sometimes, Lighter is Better“. Кварно :)  Повеќе

Ренди да ви покаже како се прави реклама за пиво
4 Април 2018

Нема причина зошто кој било бренд на пиво би одбил вакво злато од реклама, ама таков е животот и не му е гајле за твоето имање или немање причина па оваа реклама не успева да мине кај „клиентот“ и останува само на Јутјуб. Повеќе

Оди па снимај реклама за Епл
30 Март 2018

Рекламата е за Хоумпод на Епл, дело е на Спајк Џоунз и излезе исклучително добра. Ова што сега го имаме е снимањето на рекламата и е неспоредливо со што било друго што се прави во овој жанр. Повеќе

„Само малку претерано“
13 Март 2018

Ова е слоганот од новиот официјален спот за промоција на туризмот во Орегон. Според локалци целиот е базиран на вистинити предели од Орегон. Според локални закони марихуаната е легална во Орегон, па не можеме баш да спориме кој што точно гледа во сојузната држава. Повеќе

Кога Јапонија ќе го повика Холивуд
8 Март 2018

Како што за добра свиња нема лоша помија, така и за добар хонорар нема лоша реклама, а Јапонците имаат хонорари, а и рекламите не им се нешто страшно лоши. Повеќе

Најк го врти светот
5 Март 2018

Планетата прекинува да врти, луѓе во Најк патики пробуваат пак да ја стартуваат и залетаат. Цане Пребранац 2.0. Повеќе

Реклама во која Миленко не верува
24 Февруари 2018

Или Земјата не е рамна и стварно да ти била топка или Стоби имаа мултимилионски буџет за снимање на рекламава. Трето нема. Повеќе

Абсолут вотка нема што да крие
6 Февруари 2018

Тоа што ќе го изгледате е реклама на Абсолут. Тие што ќе ги видите угол голи се автентични вработени на Абсолут. Поентата е - ништо не криеме. Повеќе

Пуштаме реклами, Супер боул 2018
5 Февруари 2018

За секои 30 секунди реклами што ќе ги изгледате, некој има платено по 5 милиони долари за да бидат емитувани на паузите од Супер боул 52. Успеавме да собереме реклами од нешто помалку од 50 брендови што вечерта биле емитувани. Да не одолжуваме, имате баеги за гледање. Повеќе

Нема да има нов Крокодил Данди, ќе има Супер боул реклама за Австралија
30 Јануари 2018

Само еден ден откако излезе трејлер што навестуваше дека Дени Мекбрајд (Кени Пауерс) е главниот лик во некое освежување на Крокодил Данди франшизата, беше објавено дека клипот е најава за Супер боул рекламата за промоција на туризмот во Австралија. По неколку клипови од истата кампања изгледа дека нема познат австралиски глумец што не го прибрале во спотовите, од Хемсворт браќата, до Хју Џекман, Расел Кроу, Исла Фишер, Маргот Роби... Повеќе