Зошто Русите со недели чекаа пред Азовстал

Азовстал не е железарница или челичарница, туку е „металуршки комбинат“ кој во себе вклучува неколку челичарници и железарници, плус железница и којзнае каква сè инфраструктура, и оваа монструозност се простира на над 11 километри квадратни или во наши мерни единици цел Центар и Чаир заедно (7,5 + 3,5 километри квадратни).

Руски новинар што деновиве влезе во комбинатот прави 5-минутна тура со кола низ рушевините, објаснувајќи „ова е само една десетина од Азовстал“.

„Дури кога влегов во Азовстал сфатив зошто нашиот претседател нареди да се откаже нападот на него.

Само погледнете колкаво е ова.

И ова е само една десетина од територијата на заводот,“ ќе напише Сергеј Макаренко, рускиот новинар од Доњецк.

По првите обиди и неуспеси, наместо напад на Азовстал Русите се решија на опасада на комбинатот.

На 16 мај првите 264 бранители од Азовстал им се предадоа на руските сили. Следните денови и останатите војници и команда која беше сместена во заводот се предаде на Русите.

27 мај 2022 - 13:02