Татко купи кола

Просечно напнат корисник на интернет би требало да добие предупредување дека во следниот клип нема ништо шокантно ниту посебно фрапантно. Но, бидејќи сте вие натпросечно нормална публика, ќе разберете.

Во некоја руска недојдија, татко на еден буљук деца ("брндави и голуждрави" што би рекол покоен Платнар) за прпват купува автомобил. Некоја стара ладетина, со кинески пиктограми на заден прозор, ништо не дихтува, крш.

Не пречи тоа ништо. Пет ипол минути посвета на едноставноста.

Ако фали музика:



 

22 јануари 2015 - 15:49