Неделата во трејлери

Документарец за една блесаво мегаломанско семејство од САД, цртан за лик од игрица што не сака да биде таму, петката од Resident Evil, Крис Рок и Дензел Вашингтон.


The Queen of Versailles
режија: Лорен Гринфилд
премиера: 20-ти јули 2012.

Документарец за еден брачен пар милијардери, кои живеат во куќа од 8.360 метри квадратни која е копија на Версај.

 


Resident Evil: Retribution
режија: Пол Андресон
премиера: 14-ти септември 2012.

Или Resident Evil петката. За ова продолжение се враќаат добар дел од актерите од претходните делови. Дури после 5 делови, Алис (Мила Јововиќ) конечно ја дознава виститната за себе и за Амбрела корпорацијата. Надвор од тоа, повторно имаме пукање, зомбија, тепање, крв.

 


Wreck-It Ralph
режија: Рич Мур
премиера: 1-ви ноември 2012.

Приказната е следна - главниот лик во една видео игра, повеќе не сака да биде во играта. Поточно, на човекот му е смачено да биде негативецот.

 


Flight
режија: Роберт Земекис
премиера: 2 ноември 2012

Дензел Вашингтон, плус Џон Гудман, Дон Чидл и Мелиса Лео. И филмот не е акција.

 


2 Days in New York
режија: Џули Делпи
премиера: 10-ти август 2012

Од режисерката на "2 дена во Париз," сега го имаме "2 дена во Њујорк," повторно со Џули Делпи, и за прв пат со Крис Рок.

15 јуни 2012 - 17:59