Не рачунајте на нас

Оваа математичка финта ја најавуваат како нешто што ќе ви го стопи мозокот. Го имаат збирот на сите цели броеви. Сите, до бесконечност! А збирот е ем дропка ем во минус. И после филозофијата не чинела.

Со читови: 1 + 2 + 3 + 4 + 5 + ... = - 1/12

Ако некој има некаков обџекшн околу овој есап, џабе ќе ни пишувате. Нам мозокот ни се топи и од множење со 8.

18 јануари 2014 - 11:39