Кога соништата не ти се остваруваат, но можеш да се преправаш дека ти се оствариле

Фино регресивно инспирационо видео, таман за оние времиња кога раст од 0,1% е  економски бум, кога менување на идентитет е јакнење на идентитет, кога Грција веќе не може да ги кочи ни потенцијалите на Љубе Бошкоски како советник за странски инвестиции....

Светот знае понекогаш да биде прилично тензичен. И тоа е ок. Затоа што ти знаеш дека има подобро утре, веднаш зад хоризонтот, каде можеш да се смееш, да живееш. Време кога соништата не ти се остваруваат, но каде можеш да се преправаш дека ти се оствариле.

Време кога можеш да ја игнорираш дистопијата која ни имаш помогнато да ја создадеме. Те цениме, тебе, и твојата наивност и неконзистентност. Само гушкањето може да ги спречи убиствата, само поделбите можат да обединат, само љубовта може да ја победи омразата, само омразата може да ги победи белците, а убеденоста дека си загрозен е единствената магија на љубезноста.

Ние го знаеме тоа. Затоа и се трудиме да ти го понудиме најдоброто од идеолошките глупости. Толеранција, безбедни простори, интерсекциски феминизам, закони против богохулие, позитивен став кон секаков вид тела, 300 типови родови, културен релативизам, Роузи О’Донел. Сите овие квалитети од нашите лојални вработени и муштерии прават дисфункционални, неприлагодени лицемери.

Патот до пеколот е поплочен со добри намери, а со твоја помош ќе стигнеме таму побргу. Прогрес значи одење напред, а единствениот начин да се оди напред е наназад. Е, тоа е назадно.

13 јуни 2018 - 13:35