Разно

Маж мора да знае да ги бира своите битки
17 Август 2018

Искуството во проценување на ситуацијата се сведува на тоа да не се прецениш себе, ниту да го потцениш другиот, па макар тоа било и петел. Во спротивно имаш ова. Повеќе

На слика одамна не веруваме, од сега веројатно и на видео
16 Август 2018

Дечкото експериментира со нови техники за подмладување на дигитални модели (компјутерски создадени), по пат ти прави шубе по цел спиок на основи зошто да не веруваш во тоа што го гледаш. Повеќе

Социјалист каков што ни треба
14 Август 2018

Лабаво, пред океан, со укулеле на клупа, овој хавајски кандидат за Конгресот им објаснува на своите гласачи некои основи на демократскиот социјализам. На пример, дека човек не е сoздаден само да 'рмба.  Повеќе

Договорот за менување на името, до референдумот и потоа
10 Август 2018

Како што излезе дека повторувањето е мајка на договорите, така не е ни за сомнеж дека за референдумот ќе имаме можност репризно да гледаме како ни се сервираат истата позитива, напредност, историски успеси и шарена иднина со кои беа проследени Договорот со Бугарија, воведувањето двојазичност во земјава и слични достигнувања. Да повториме. Повеќе

Запознајте го Вектор
9 Август 2018

Вектор е робот, и не прави нешто посебно многу, и ако некогаш се случи како човештво да се прелажеме и да почнеме да им веруваме на роботи тоа ќе биде заради Вектор и такви како него. За сега е Кикстартер проект, ама до октомври би требало да биде готов производ. Повеќе

Дали живееме во аристократија?
8 Август 2018

Иако оригиналниот наслов на видеото е „Како аристократиите владеат“, прашањето испишано на насловната слика на видеото на Атлантик е далеку поаристократско - „Дали аристократиите секогаш се лоши?“ Повеќе

Проблемот со „океан“ канцеларија и како да го решиш
8 Август 2018

Демонтирањето на коцката и воведувањето на отворената „океан“ канцеларија беше доживеана како момент на глобално копоративно просветлување, решение кое конечно ќе ги зближи рамнодушно несреќните канцелариски работнички сили и ќе донесе радост, креативност и  (веројатно најважно) полетност во исполнувањето на работните задачи. По доволно години искуство во отворени канцеларии, излезе дека баш и не е така. Повеќе

Индиски СВОЗ за чисти плажи
7 Август 2018

Во рок од една година од само една плажа во Мумбај волонтери (ученици, локалци, активисти...) отстрануваат над 12 илјади тони (12 милиони килограми) претежно пластичен отпад, и без да изгледа како обезвреднување на нивниот труд, уште не се ни приближно готови. Повеќе

100 години гужва
3 Август 2018

До 2100 година она што денес ни служи како стандарден систем на вредности по кој се подаваме секогаш кога зборуваме за гужва на население (Токио, Шангај, Њујорк) ќе биде комплетно невалиден, и заменет со крајно, од денешна гледна точка, неочекувани кандидати. Повеќе

Зошто летово е толку топло кај луѓе што не се научени да им е топло
31 Јули 2018

Пејзажот во Британија летово доби сосема нов изглед на сателитските снимки, во Шведска има пожари како никогаш до сега, руски градови во околина на Арктичкиот круг постигнуваат рекордни температури, а Јапонија се топи. Човеков пробува да го одговори прашањето без да спомне глобално затоплување (барем не на прва). Повеќе

Русофобијо, и на Американци си им тешка
24 Јули 2018

„Тоа што го носиме НАТО до руските граници е закана за сечија национална безбедност,“ велат двајца американски професори и експерти за надворешна политика кои сметаат дека главната закана за САД е хистеричната русофобија која владее на тамошната јавна сцена. „Замислите Кина или Русија да направат свој воен блок и во него да ги зачленат Мексико и Канада, ќе го толерираме ли ние тоа?“  Повеќе

Неколку трејлери од Комик кон 2018
23 Јули 2018

Стандардно мегаломански, како да е трејлер за последниот филм што некогаш ќе го изгледаш, она по што годинешните трејлери од Комик кон се разликуваа од претходните е што немаше ништо Марвел во најава. Тоа не значи дека има дефицит на чудовишта и катаклизмичкни настани кои ја вребаат планетава и човештвото, плус зомбија и римејк на Космос на Саган. Повеќе

За магијата зад трејлерите
20 Јули 2018

Минатата година бројот на кинопубликата на светско ниво паѓа на трагично ниски нивоа, ама затоа публиката за трејлери е во постојан раст. Дури и индустријата за производство на трејлери има раст од 12 компании што прават трејлери во 2000, на над 100 компании денес. И како секој добар бизнис, и тука целата „магија“ е да им го погодиш рецептот, само што рецептот се менува од сезона во сезона. Повеќе

Што сè ваше не сте вие
18 Јули 2018

На прва топка депресирачко видео за тоа колку од она што сме ние, всушност е на автопилот, иако се сметаме за свесни команданти на нашето јас. Истовремено, потсетување колку сме среќни што (можеме да) сме свесни за нашата несвесност. Од сите познати суштества, само нам ни е даден тој драјвер на тестирање. И тоа треба да се слави. Повеќе

Кога ќе си видиш школски
18 Јули 2018

Да е кај нас средба на двајца средношколски другари, тој во меѓувреме да се развил во криминалец а таа да завршила во суд, не сме најсигурни кој би се расплакал. Повеќе

Најшармантниот шопинг во супермаркет (и готвење) што денес ќе го изгледате
18 Јули 2018

Главен лик е Џеф Голдблум, и целата работа е составеа од една голема реклама за ланец супермаркети, ама со Џеф Голдблум, по што следува готвење со Брајс Хауард, девојката од Светот Јура што мислите дека е Џесика Честејн. Повеќе

Хрвати низ Брисел
17 Јули 2018

Некаде помеѓу најголемиот успех на хрватската репрезентација (победа во полуфиналето) и најголемиот успех на хрватската репрезентација (играње во финалето), хрватско семејство, со детуле во национален дрес, се пушта на проштека низ Брисел. Повеќе

Наочарчиња како драмаминчиња
17 Јули 2018

Велат на еден од тројца луѓе му е непријатно од сето она клацкање кога се патува. За наочариве тврдат дека го решава тој проблем настанат главно од конфузните информации кои за телото ги добива мозокот од видот и каналите на внатрешното уво. Ова се четири прозорчиња, без стакло, со прстени исполнети со течност кои го симулираат хоризонтот (за да се калибрира мозокот). Ќе изгледаме вонсериски глупо ама па и кога сме зелени у фаца пред повраќање не сме нешто порепрезентативни. Повеќе

Батали англиски, ако е појадок нека е турски
17 Јули 2018

Опсесијата што ја имаме со турска храна (минус овчетина) речиси да нема сегмент од секојдневието што не го покрива. И покрај тоа посебна ѕвезда, ем-ви-пи на лепезата вкусови е турскиот појадок (со многу тесна разлика). Содржински, количински и мерачки без рамен на себе, посебна категорија која ги прави сите други појадоци само инфериорен обид за утринско гнетење. Повеќе

Што прави 11-годишен Нигериец?
17 Јули 2018

Црта хипер-реалистични слики, и тоа ги црта како да не му е ни најмалку незгодно од талентот што го има на само 11 години. Па не само што црта, туку има и цели срцепарателни приказни околу делата. Повеќе