БМВ, добар клизачи

По 12 години поминати како прв човек на Дајмлер, се пензионираше Дитер Зече, или фамозниот Доктор З. како што беше познат во тие кругови (замина со пензија од 4,250 евра на ден, ама сега тоа неважно). Му честитаа од конкурентскиот БМВ, со видео порака чиј мотив е „Пензионирање е кога ќе го оставиш минатото зад себе и ќе ја прегрнеш иднината.“ Чекајте да видите на што мислат.

Даимлер реагираше (не најсмешно), дека нивниот довчерашен шеф се префрлил на линијата EQ,  електричните возила на Даимлер со кои влегува во натпревар со понудата на БМВ кои се понапред во оваа област.

А не дека на Дајмлер им фали смисла за шаденфројде (сеир). Во 2016 година, кога БМВ славеше 100 годишнина од своето постоење, ги имаа покането сите нивни вработени да го посетат музејот Мерцедес-Бенц, за да можат да ја видат „комплетната историја на автомобилите“.

22 мај 2019 - 20:21