На тркала

Да погледнете потера со мотори низ Сао Паоло
23 Септември 2019

Вакво нешто имало и на Борновиот идентитет, и на Невозможна мисија, и на Брзи и бесни, ама дури и таму од Холивуд имале усул па не го ставиле едниот моторџија во апостолки. Бидејќи ова Бразил, и не е по сценарио, такви устручавања нема. Повеќе

Има ли пожарна за пожарната?
18 Септември 2019

Во демонстрација пред стотици ученици, унгарски пожарникари покажаа како дефинитивно не треба да се вози противпожарно возило. Повеќе

Ни Амстердам отсекогаш не бил Амстердам
13 Септември 2019

Плоштадот Рембрант е еден од најголемите плоштади во центарот на Амстердам. Во 1960-та плоштадот е автомобилски фронт, денес истиот овој потег е мерак, пешачки и велосипедски. Повеќе

Може ли денешен велосипедист да преживее етапа од првиот Тур де Франс од 1903?
7 Август 2019

Првото издание се вози во 6 етапи во кои требало да бидат покриени 2.428 километри, или околу 400 километри по етапа. Денес има 21 етапа / 23 дена, етапите се далеку пократки, но вкупната должина на турата е подолга. За разлика во вселенските примероци на велосипеди што ги имаат денес, тогаш се вози на велосипеди што се најблиску до поштарски точак. Двајца велосипедисти ќе се обидат да ја повторат првата фаза од првата трка, на точак од 1903. Повеќе

На точак, со поглед
6 Август 2019

И ти возиш точак, и Брајан Рајнер вози точак, ама не е исто (и не е секогаш само до точакот). Рајнер е на маунтајнбајк патека на Тахити, и многу, многу не и се плаши, а би требало. Повеќе

Залетан тенк вс. неподвижна кола
17 Јуни 2019

Јасно е дека колата немаше никакви, ни најмали, најмали шанси против тоа железниот ѕвер, ама никој не очекуваше вакво скоро па атомско распрнување на возилото. Повеќе

Сообраќајна лекција на денот
12 Јуни 2019

Не можеш ти да бидеш толку лош шофер, колку што возач на трамвај може да биде искулиран и незаинтересиран за тебе. Повеќе

Татковци, нема причина (освен пари) вашето дете да нема вакво по дома
12 Јуни 2019

Во прашање е напредна робот-кола со еден куп додатоци што се управува преку смартфон, а плус има и други фори. На прва ќе кажеш „ама малото има само 4 месеци и уште нема поим за ништо околу себе,“ и ќе згрешиш, затоа што токму ова е клучното нешто за неговиот психофизички развој (веројатно не е, ама ти го заслужуваш ова). Ви стоиме на располагање и за дополнителни аргументи за да ја оправдате набавката на најеопходниот уред што ви фали по дома. Повеќе

ЈП Улици, дупки и патишта
11 Јуни 2019

Следен пат кога ќе ја пцуете пластичната сигнализација на сред автопат нека ви текне на видеово од Русија. Повеќе

БМВ, добар клизачи
22 Мај 2019

По 12 години поминати како прв човек на Дајмлер, се пензионираше Дитер Зече, или фамозниот Доктор З. како што беше познат во тие кругови (замина со пензија од 4,250 евра на ден, ама сега тоа неважно). Му честитаа од конкурентскиот БМВ, со видео порака чиј мотив е „Пензионирање е кога ќе го оставиш минатото зад себе и ќе ја прегрнеш иднината.“ Чекајте да видите на што мислат. Повеќе

За еден жмигавец
15 Мај 2019

Луис СиКеј (пред да почне инквизицијата) за скеч кажува: Јас кога сум во кола имам поинаков систем на вредности, тогаш сум најужасниот човек што можам да бидам. Овие двајца немаат скеч за кажување. Повеќе

Кога Бентлито не ти е доволно руско
10 Мај 2019

Ако си коцкар лесно е, ставаш тоа заровите на ретровизор или на ѕивани, и на сите им е јасно дека си коцкар. Кога си Русин, работата е инстантно покомплицирана, па бара шмишајбни, чекани, работилница, ама за тоа и резултатот е многу поуверлив. Повеќе

Судар на генерации: 2017 версус 1992
19 Април 2019

Многумина се спремни да докажуваат дека на денешните коли штедат на материјал па ги прават прелесни, со тенки шасии кои на оние четките на кар-вош звучат како лименка Кока- Кола. Пред комплетно да ве обземе носталгија по старите добри машини, да се судриме со вистината, во чело.   Повеќе

Петто паркинг сетило
6 Април 2019

Од колку заебанции ќе бевме поштедени и колку милиони часови од нашите животи ќе беа заштедени ако се задржеше оваа досетка за петто тркало кое помага во (от)паркирање. И онда, ова го укинале ама затоа почнаа да ставаат - греење на седишта. Повеќе

Колку малку ѝ треба на сува трева
3 Април 2019

Доволно е малку да се турира со моќни гуми на некој џип и ете ти пожар кој ќе ти го направи местото погодно за идна „урбанизација“. Само да не претераш ко слепецов, па да ти се укопа машината.   Повеќе

Гледај Скопје јапонски таксисти и плачи
2 Април 2019

Три работи: прво, ова е такси паркингот на некојa поголема железничка или автобуска станица најверојатно во Токио; второ, не е вежба за парада; трето, сето ова се случува без наоколу на патролираат 18 полицајци како чувари на лавови. Повеќе

Тајната на руските технологии
14 Февруари 2019

Ќе смислат секакви мрцини од возила, само за да не мора патишта да прават. Повеќе

Не постои нешто што може да е гума за сите сезони
20 Ноември 2018

Лето и вака и така ќе се пројде, дури и без да стапнеш во кола, проблемот е кога ќе дојде есен / зима а ти уште си опремен со заблудата наречена гуми за сите сезони. За да ви е појасно што збориме, споредба на два идентични автомобила, еден со зимски еден со гуми за сите сезони, и нивното однесување на хокеарско игралиште. Гледај и слушај. Повеќе

Проста делба
7 Ноември 2018

Трабант, една од најмоќните автомобилски справи на светот, кога е доведен во беља, се однесува како гуштер. Повеќе