Музика

Мешап на денот: Обединети Поп Држави 2018
3 Јануари 2019

Најголемите поп хитови во Америка во 2018 година, вешто скоцкани во еден мешап на DJ Earworm. Во песната има 25 ставки, ние успеавме да препознаеме 5. Проверете сами колку сте среќно неупатени во она што се слуува на големата сцена. Повеќе

Жал за (британската) Деспина
27 Декември 2018

„I cannot believe this is the end (oh no). I still feel your love inside me. I still sing your words. I make a wish as your star falls...“ Ако мислите дека се ова стихови од некоја лигушка љубовна песна, точно е. Само што овде субјектот не е девојка, дечко или трансџендер, туку факинг Велика Британија и нејзината одлука да излезе од романтичната врска со ЕУ. Повеќе

Носталгија по интернетот од 2004
26 Декември 2018

Пред точно 14 години на интернет осамна „Нума, нума“ едно од оригиналните вирални видеа (што е посебен подвиг во време кога Јутјуб се уште не постои). Додека содржината му е чиста идиотштина, она што е дражесто околу него е што потсетува на времиња кога немаше семоќни социјални мрежи кои го следат и продаваат секој твој клик и интерес, кога деновите не ги минуваш зјапајќи во екранот на мобилниот, и кога технологијата беше само алатка а не зависност. Повеќе

Божиќна песна на ромски
25 Декември 2018

„Jingle Bells“ отпеана на ромски, сосе трилерчиња, сосе сликички од преубави деца. Чујте ја песната и кога ќе ги видите на раскрсница да бришат шофершајбна, или на маса да ви продаваат жижици, дајте некој денар и прашајте се „Do they know it's Christmas time?“ Повеќе

Пцовка ако не те разигра
20 Декември 2018

Позамашна збирка сочни филмски навреди и пцовки, вешто накалемени на една разиграна денс матрица. Оф, оф, фак офф. Повеќе

Од Маргарита со љубов: Командант Сава
19 Декември 2018

Да не бевме заколнати на вечна верност кон НАТО и на ексклузивна љубов кон западните вредности, ова ќе нè дирнеше во срце. Песната некогаш масовно се имаа пеено по работни акции на покојната Југославија, посветена е на легендарниот партизански командант Сава Ковачевиќ, а словенските браќа од Украина некако се сетиле па предводени од прекрасната Маргарита Мелешко, пакосно нè потсетуваат како беше да се имаат луѓе кои вредат да се слават. Повеќе

Босанска верзија на Бела Чао
26 Ноември 2018

Саз, армоника, виолина, сето тоа склопено од врвниот босански зналац Дамир Имамовиќ и ете ја старата италијанска партизанска песна, со севдах во неа. Повеќе

Кој ја зезна музиката
21 Ноември 2018

Френк Запа тврдеше дека за музиката подобри беа старите дебели директори на музички куќи кои држеа пура во уста и ништо не разбираа отколку оние кои подоцна дојдоа на нивно место, млади и паметни хипстерски директори кои знаат сè. Повеќе

7 Ноември 2018

Дузина опасни гитарски песни, отсвирени без ронка гитара. Само клавијатуруи, тапани и бас. Повеќе

Баба Наталија, пијано
6 Ноември 2018

Фасцинантна е не само возраста (84 години) и умешноста на тие години да се свири така, туку и фактот дека она што го свири Наталија Треилинг на улица во Мелбурн е она што во тој момент го создава. Композиција која не била свирена никогаш порано и никогаш после тоа. Повеќе

Боемска рапсодија во 42 стила
1 Ноември 2018

Можеби дечкото не го скинал баш секој глас идеално ама стиловите се погодени. Плус 42 се, да му се невиди, тоа треба да ти текне ем после да се изработи. Повеќе

Џордан Питерсон хип хоп микс
26 Октомври 2018

Чујте го вие ова! 43 минутен добро скоцкан микс со говори и поенти од фамозниот Џордан Питерсон. Мешапот функционира толку добро (ма што добро, одлично!) што некогаш имате чувство дека ги слушате FSOL а некогаш Тhe Disposable Heroes of Hiphoprisy. Дали тоа е на повидок нов жанр? Селф хелп хоп? Повеќе

Севдах со кауција
25 Октомври 2018

Група Холанѓани од театарската трупа Ештон брадерс, во емисија на РТЛ ја изведуваат севдалинката „Јутрос ми је ружа процветала“. И не може а да не помислите како ли тек ќе звучеа ако и Зоран Маџиров им се придружеше. Повеќе

Том и Џери во живо
8 Октомври 2018

Петмина завршени студенти на музичкиот конзерваториум во Прага, за бисот на нивниот дипломски концерт, решаваат да изведат тема од Том и Џери. Синхронизирана со цртаниот. Повеќе

Боемска неподносија
30 Септември 2018

Легендата вели дека на денот кога испушташе душа (24 ноември 1991), Фреди Меркјури го има посетено небесен пратеник со непристоен предлог: ќе му го продолжи животот ако успее до крај да ислуша една негова песна. Фреди се израдувал. Фреди беше наивен. Повеќе

Рехабилитација на „Бела чао“
13 Септември 2018

Том Вејтс е во нова песна првпат после две години. Му гостува на својот дологодишен соработник, гитаристот Марк Рибо, кој неодамна имаше баш убав концерт во Скопје. Ја плетат старата добра химна на италијанските партизани „Бела чао“, онаа која малку ни ја огадија фејкерите кои со неа на своите медени усни го крчеа својот пат кон државното ухлебување. За среќа, можеме да бидеме сигурни дека Вејтс и Рибо не го прават ова за да бидат пиарџии во новиот состав на Белата куќа. Повеќе

Битлси перфектно опишаа Македонец
10 Септември 2018

Или па сме ние побудалени па во сè го гледаме локалното лудило, збунетоста и бесмислата кои веќе не знаеме ни да ги опишеме (без пцовки). Инаку, се работи за “Nowhere Man“, ја знаете, само да ја чуете сосе текст. Повеќе

Војко В а не Кање В
30 Август 2018

Вуду Попај на времето знаеше да освежи со некоја неочекувана рима и стиховен пресврт потег ама Војко В. е 5 пути од тоа. Војко побарал 150 грама мортадела, тетката исекла ама испаднало 160, го прашала дали може, а Војко ѝ рекол: НЕ МОЖЕ! Од Рејџ до сега немаме слушнато така јасен отпор на системот. Струшки вечери на поезијата, се разбираме ли за следната година?   Повеќе

Горилаз на дугметара
1 Август 2018

Ако има поука од видеово тоа е дека тоа „хармоникашката фаца“ сама ќе ти се појави кога ќе ја фатиш дугметарата без разлика дали си ја свирел Feel good inc. или Влајна. Повеќе

Неле Карајлиќ: Што се случи после неделата во која замина Хасе
28 Јуни 2018

Во далечната 1985 година, Забрањено пушење на својот втор албум „Док чекаш сабах са шејтаном“ ја ставаат и песната „Недеља кад је отишо Хасе“, номинално посеветена на последниот натпревар на сараевската фудбалска легенда Асим Ферхатовиќ а преносно на заминувањето на Тито. 33 години подоцна, Неле Карајлиќ решава да удри црта и да сумира што тоа се случуваше после таа недела. Повеќе