Пеј ни за Анѓа, калеш Манцо

Манца Измајлова, со рускиот државен филмски симфониски оркестар и хорот на Капела Јурлова, во халата на Московската филхармонија. 

********

За „Назадната Калеш Анѓа“:

Девојката беше исправена пред историска шанса. Да беше од оние храбрите и визионерите, ќе немаше дилема дека таква шанса мора да се зграпчи. Недвосмислено ѝ беше понудено да направи чекор кој ќе значи од утре да ѝ биде подобро. Конечно да излезе од калта на нејзиното секојдневие, од немаштијата и несигурноста. Да стане дел од угледниот двор, дама, госпоѓа, анама! На чардак да седи, жолтици да брои, јеботе! Па се пропушта ли таква шанса бре калеш Анѓо??  

Ја користиме оваа прилика најискрено да посакаме и оваа и сите други изведби на Калеш Анѓа, довека да им преседнува на некои. Додека ја има Македонија, а и после тоа. 

25 јуни 2019 - 11:05