Дени не те чува

Спојте ги проблемите кои Глоријан ги има со ритамот со меланхоличноста на Роби кога пее за Столе (плус додајте аутотјун) и го добивате дечкото кој во моментов важи за најлошиот рапер на светот, и тоа онаму кај што конкуренцијата е најголема, на Јутјуб. Се вика Дени (D4NNY) ама овој Дени не само што не те чува туку те изложува на опасност да убие секаква радост во тебе. Офкорс, симпа.

наша фаворит сцена: кога дреме на масата, околу 1:33

Туку, за нашиот Роби. Откако ја објавивме неговата ода за Столе (нималку крив во приказната), изгледа на Роби му се случил притисок па решил да ја скине песната од интернет (Вимео, Јутјуб, од секаде). Ама и ние мајчини: ја најдовме на некој платен сајт и за неа лупнавме долар и 29 центи (единствена песна за која сме платиле!), така што песната на сајт уште ни е жива.

6 јуни 2013 - 10:33