Музика

Песната која сакаме да ја пееме
10 Јануари 2020

После сите глобални срања, локални неподносливости, национални порази, тенчењето на нервите и заморот кој сето тоа го носи, ќе дојдеме ли и ние еден ден во ваков зен? Повеќе

Да имаше правда, тие требаа да бидат и дино и мерлин
2 Јануари 2020

Грозно забавно е деновиве околу новогодишната свирка на Дино Мерлин во Скопје. Некои кои никогаш не го ни слушале ни мирисале, деновиве го тетовираат на своите социјални акаунти, споделувајќи стихови од негови песни. И обратно, некои кои неговата музика баш ги цима, го ругаат затоа што беше донесен од другата банда. Најпоштени беа илјадниците кои отидоа на плоштад заради Дино Мерлин и илјадниците кои не отидоа на плоштад заради Дино Мерлин. А поштено е и ние да се потсетиме на некои наши стари љубови.     Повеќе

Дозволете си да се убиеме со убавина
30 Декември 2019

Убавината знае најсилно да блесне баш онаму кај што најмалку ѝ е место и баш онаму кај што најмалку ја очекуваш. Како кокиче сред депонија, како Велвет Андерграунд после Карлеуша, така и оваа убавина на чија милост ве препуштаме се раѓа во една скромна трпезарија, со русвај астал и разголени и запуштени мажјаци. Отворете си ги душите, за арно, за убаво е. Повеќе

Што слушаа Бугарите во 60-тите години
25 Декември 2019

Музиката и дизајнот на 60-тите години се толку чедни и чисти што човек го фаќа некоја милина дури и кога се работи за комунистичкиот ќерпич на Тодор Живков. 40 минутен сплет на бугарски шлагери од таа деценихја со нивните оригинални видео записи. Има тука доста интересности:  феминистички идеи (Лили Иванова вози ваљак за набивање калдрма, со и без седење), типови ко Лео Мартин, преработки на странски песни (Перси Слеџ - When a Man Loves a Woman), профи оркестрации и и много други неща. Повеќе

Минути за руска пропаганда
5 Декември 2019

Молиме за малку тишина. Јарослав Сумишевски и Ерболат Турлубеков имаат нешто да ви кажат. Во еден суптилен хибриден напад на синхронизиран двоглас. Повеќе

Лелеј, каков Френк Запа со Доналд Трамп!
23 Ноември 2019

Автор на ова бравурозно лудо музичко парче е Матијас Лунгвист. Слушнете како тоа звучи и каква структура има песната и веднаш ќе ви стане јасна референцата со Френк Запа. А по малку и со Стили ден (вокалите на 1:57). Секоја чест. Повеќе

Музичка берза
11 Ноември 2019

Малку подолго (10 минути) ама супер занимливо видео за најдобро продаваните музичари и групи од 1969 до 2019 година. Како доаѓале и заминувале, борејќи се за ушите и душите на музичките фанови. Има тука секакви изненадувања. Повеќе

Норвежани ја пеат „У свету постоји једно царство“
11 Ноември 2019

Во верзијата на „Свартламон хардкор“ песната „У свету постоји једно царство“ звучи како пивска химна и како загревање за жестока фудбалска уткамица. Бранко Коцкица на ова би ги пратил децана до гранапче. Предобро! Повеќе

„No Name Nation“ да ви кажат нешто
7 Ноември 2019

Вака треба да звучи една стара македонска народна патриотска песна. Повеќе

Како да снимиш поп хит во 2019
7 Ноември 2019

Целиот процес има четири чекори (последниот нормално ауто-тјун) кои не бараат многу повеќе потези од тоа. Најкомплицираниот чекор веројатно е текстот, ама па тој одамна не е ни приближно важен во овој жанр. Повеќе

И, толку од денот
6 Ноември 2019

Ќе дојдеш на работа, делумно свеж и речиси одморен, со идеја дека има да го фатиш сајтот и да го забревташ како парна локомотива. И после ќе видиш дека Адо ти пуштил порака „Што да ти кажам уредниче?“ и линк со песна. И од сите идеи кои си ги имал за работа, ќе успееш да ставиш бар еден поштен наслов. Повеќе

Талентот не е играчка
26 Септември 2019

Талентот е озбилна работа кога и со играчка ќе звучиш посериозно од многумина кои имаат јака и професионална опрема. Како дечково со оваа играчка од гитара. Повеќе

Клептон и Фремптон
25 Септември 2019

Питер Фремптон (задолжен за лудите гитари на Боуви) и Ерик Клептон. За првпат во животот тие двајца ги вкрстуваат своите гитари, на најдобрата можна тема за тоа, гитарската јадиковка на Џорџ Харисон од Белиот албум на Битлси. Не е како она легендарно парче со Принц, ама вреди да се види. Повеќе

Валентино Бошковиќ и Брајан Меј
23 Септември 2019

Брајан Меј е легендарниот гитгарист на Квин кој денес има 72 години. А Валентино Бошковиќ е - група. Повеќе

Како е правена „Riders on the Storm“
16 Септември 2019

Клавијатуристот на The Doors, Реј Манзарек (почина пред 6 години) раскажува како се родила нивната химна. Роби Кригер почнал на гитара, Морисон рекол, чекајте луѓе, имам јас текст за ова, Манзарек ja додал дождливата атмосфера на песната, Џери Шеф (басистот на Присли) се бунел дека е лесно Е-мол/А-дур да се разложи на клавијатури ама оди да те видам на бас... (само од оној труп на тапани Денсмор никој ништо не очекувал). Убава приказна. Повеќе

Станувај, земјо огромна
15 Септември 2019

Хорот на Народно-ослободителната армија на Кина изведува една од најпознатите и најмоќни руски патриотски песни од Втората светска војна. Претпоставувате како може да звучи тоа? Повеќе

Махери под притисок
11 Септември 2019

Квин, Ени Ленокс и Дејвид Боуви ја вежбаат „Under Pressure“. Квин си шијат како стари занаетлии, Ени концентрирана за да може да биде прецизна во високото а оној Боуви е факинг фраер дури и во тенџере плаво сако. Позади некаде, редот си го чека Џорџ Мајкл... Херојски времиња. Повеќе

Геј да ве погали
8 Септември 2019

Соголена од инструменти и пратечки вокали, песната „I Heard it Through the Grapevine' оставена само на еден од најубедливите Мотаун гласови на сите времиња, гласот на Марвин Геј, човекот кој загина од раката на својот татко. Повеќе

Леб и сол. What a band!
29 Август 2019

Дали ќе ги начекавте во Драмски театар, во Антички во Охрид, во Битола или каде било, Влатко, Бодан, Кокан и Гаро правеа концерти кои се слушаа во еден здив. Да ги ѕирнете коментарите на Јутјуб, да видите што е тоа консензуалност, од Хрватска до Африка. Повеќе

Жените за Том Веитс
23 Август 2019

Саде жени да ти прават трибјут албум и тоа додека си жив, покажува дека лежерноста на еден маж може да го однесе подалеку отколку да бил еден од оние што запнуваат. Повеќе