Документарец

Може ли да биде спасено Црното море?

Ние од континентална Македoнија можеме само да бидеме пакосни па да се тешиме дека да беше тоа море убаво, немаше да го викаат Црно. Но, сериозен проблем има најзагaденото европско езеро кое на неколку земји кои го делат, со децении им служи како контејнер. А не дека секоја надеж е изгубена.   Повеќе

Како фини и паметни луѓе завршуваат во секти?

Некогаш и харизматичните водачи околу кои се гради култот не се свесни што се случува околу нив. Повеќе

Интервју со секретарката на Хитлер
Правих се речи увек касно сетим:

Траудл Јунге влегува во најтесниот круг на Хитлер во 1942 кога има само 22 години и останува со него до последниот ден. Нејзе Хитлер ѝ го има диктирано својот тестамент и според нејзините сведоштва се реконструирани последните денови во бункерот во филмот Der Untergang. Пробува да објасни како е можно да си во центарот на збиднувањата а да си во слеп агол на она што се случува наоколу. Повеќе

Рос Кемп со Курдите во војната против ИСИС

Репортажа од Сирија или Ирак моментално е светиот грал меѓу новинарите и авторите на документарци. Врвот е ако можеш да влезеш меѓу ИСИС и да направиш репортажа од таму (а не можеш), на чекор од врвот е да бидеш примен од курдските сили кои на фронтовските линии против ИСИС, посебно во неодамна ослободените градови. Кемп на почетокот од годинава го почнува својот аџилак со Курдите. Повеќе

Со бегалците низ Македонија
Филм на Њујоркер

Њујоркер има документарец од шест епизоди за патот на бегалците од Сирија. Третиот и четвртиот дел се за Македонија. Ги видовме, ги препорачуваме. Видео

Како стварно изгледа да се бориш за ИСИС

Вајс њуз добива снимка од монтираната камера на еден од борците на ИСИС кој во март 2016-та загинува во борба со Пешмерга силите во северен Ирак. Битката е на околу 50 километри северно од Мосул. За разлика од ИСИС пропагандата кој се труди борците да ги претстави како копија на германската дисциплина, снимката ги покажува нередот и забуната карактеристични за вакви организации. Видеото вчера е објавено. Повеќе

Римтутитуки, 24 години подоцна

Членовите на ЕКВ, Партибрејкерс и Електрични оргазам на времето се качија на камион и ја шпартаа нивната музика по Белград, обидувајќи се да се спротивстават на безумието на војната и да го надгласаат звукот на оружјето и хушкачките медиуми кои го подмачкуваа. 24 години подоцна, излезе комплетниот видео материјал од тоа. Повеќе

Слободата, еднаквоста и Муслиманското братство

Муслиманското братство е организација создадeнa уште 1928-мата година во Египет. Во нормалните времиња нивните идеи служеа за потсмев (го видовте она со Насер?) а денес се сметаат за матица на сите злотвори кои делуваат во името на Исламот. Норвешки документарец на тема, каква закана се тие за нашиот начин на живот. Штом ладнокрвните Норвежани порачуваат "Погледнете го филмот пред да биде доцна" јасно ви е..... Повеќе

Eagles of Death Metal раскажуваат за Батaклан

За првпат откако вооружените терористи го прекинаа нивниот париски концерт и отворија оган оставајќи зад себе 90 жртви, членовите на бендот за Вајс раскажуваат како било да се биде на тоа вистинско место во тоа погрешно време. Повеќе

"Јас сум бебето"

Приказна за човечноста и за тоа како, иако некогаш бавно, добрината умее да се врати.  Повеќе