Документарец

Може ли да биде спасено Црното море?

Ние од континентална Македoнија можеме само да бидеме пакосни па да се тешиме дека да беше тоа море убаво, немаше да го викаат Црно. Но, сериозен проблем има најзагaденото европско езеро кое на неколку земји кои го делат, со децении им служи како контејнер. А не дека секоја надеж е изгубена.   Повеќе

Не сме нешто работници, ама можеме да погледнеме

Технички штракање на тастатура е мануелна работа, практично, да не се лажеме, не е, ама па за тоа знаеме да најдеме луѓе што стварно го вадат лебот со раце и се совршено вешти во тоа. Повеќе

Автор на реклами во длабока животна криза

Американски продуцент на фина тезга во Шангај, треба за Кинезите да сними реклама за Мекдоналдс. Џон Бенет инаку ја сака својата работа и добар е во неа, и сè е е тоа во ред. Ама почнува да се прашува: чуму ова?  Повеќе

Диригентот од бугарските гаражи

„Балкан Ројал“ е филмче посветено на Петер Димитров, човек кој живее од реставрација и продажба на стари пијана а сонот му е еден ден да стане она за што учел. „И да можам да го вратам времето назад, пак попрво би го правел ова отколку да имам кариера како некои други колеги музичари“, вели Димитров. Повеќе

Паранормално = Вадење пара од нормалното

Џемс Ренди е еден симпатичен старка кој до свои 60 години изведуваше магионарски трикчиња а потоа се пензионираше и со задоволство по телевизии раскринкуваше секакви преваранти кои тврдеа дека имаат надприродни и паранормални моќи. Една компилација од таквите моменти.   Повеќе

Раде Шербеџија за „Пред дождот“

„Пред дождот“ дојде како Deus Ex Machina, да ми го спаси животот. Тоа е вистината. Повеќе

Рејв

Дечкиве зборат, ние гледаме. Тема: српска рејв супкултура. Ликови: тројца. Повеќе

Џармуш и Иги Поп за Стуџис

Цели 8 години Џим Џармуш и Иги Поп работеле на документарецот Gimme Danger, посветен на бендот Стуџис. За редовната музичка публика на коњопоите на Дежа Ву, Иги Поп е оној босиот, што значи останува Џармуш да е другиот. Повеќе

Приказната за краутрокот

Одлична Би Би Си приказна за германскиот звук роден кон крајот на 60-тите, поспрдно наречен Краутрок. Нејќеле да звучат германски (заради багажот на Германија од тазе војната), а нејќеле да звучат ни англиски. Па им останало музички да ја дефинираат вселената. Повеќе

Гана има џип, Гана има тенк

Лика го даде Никола Тесла, Словенија го даде Херман Поточник (види го мокументарецот "Houston, we have a problem") а Гана го даде Апостол. Апостол Доктор Квадво Сафо Кантанка, генијалниот инжинерски ум кој со локални материјали и уште полокални заварувачи на својата земја ѝ возврати со првиот џип со погон на 4 тркала и првиот тенк. Тенк!   Повеќе