Документарец

Убавина во фавелата

„Кога ќе се спомне фавела, автоматски се помислува на опасност, насилство, хаос и бескорисност“, вели еден модел во краткиот филм за различните лица на модата во Рио. „Има и тоа, ама има и куп убави работи, ова е магичен свет“. Повеќе

Кембриџ аналитика најзадоволни од себе во источна Европа

После 4 месечни истражувања и тајни снимања, британскиот Канал 4 вади документарец во кој се откриваат сите изборни измами на осрамотените Кембриџ аналитика: мито, бивши шпиони, лажни лични карти, сексуални работнички...    Повеќе

Кратка историја на салото

Не постои поомразен дел од нашето тело од салото. Луѓето го сметаат за грдо, непотребно и нездраво. А се работи за за еден комплексен орган, есенцијален за човечкиот живот исто како што е тоа срцето или дробовите. Краток документарец (20 мин) кој ќе ве натера да размислите дали одамна лустрираното сало не заслужува рехабилитација. Повеќе

Како изгледа паркирањето во Њујорк

„Немој ни да си помислил да паркираш овде“ е кратко и забавно филмче за тоа што мислат локалците за оваа заебанција во нивниот град. Еден паталец вика дека е скроз нормално човек кој успеал да стигне на забава, на забавата цело време да се одушевува какво добро паркинг место нашол. Повеќе

Не сме нешто работници, ама можеме да погледнеме

Технички штракање на тастатура е мануелна работа, практично, да не се лажеме, не е, ама па за тоа знаеме да најдеме луѓе што стварно го вадат лебот со раце и се совршено вешти во тоа. Повеќе

Автор на реклами во длабока животна криза

Американски продуцент на фина тезга во Шангај, треба за Кинезите да сними реклама за Мекдоналдс. Џон Бенет инаку ја сака својата работа и добар е во неа, и сè е е тоа во ред. Ама почнува да се прашува: чуму ова?  Повеќе

Диригентот од бугарските гаражи

„Балкан Ројал“ е филмче посветено на Петер Димитров, човек кој живее од реставрација и продажба на стари пијана а сонот му е еден ден да стане она за што учел. „И да можам да го вратам времето назад, пак попрво би го правел ова отколку да имам кариера како некои други колеги музичари“, вели Димитров. Повеќе

Паранормално = Вадење пара од нормалното

Џемс Ренди е еден симпатичен старка кој до свои 60 години изведуваше магионарски трикчиња а потоа се пензионираше и со задоволство по телевизии раскринкуваше секакви преваранти кои тврдеа дека имаат надприродни и паранормални моќи. Една компилација од таквите моменти.   Повеќе

Раде Шербеџија за „Пред дождот“

„Пред дождот“ дојде како Deus Ex Machina, да ми го спаси животот. Тоа е вистината. Повеќе

Рејв

Дечкиве зборат, ние гледаме. Тема: српска рејв супкултура. Ликови: тројца. Повеќе