Што сè извади Гугл на „Гуглден“

Годинешниот Гугл настан може да се смета за официјалното етаблирање на Гугл меѓу хардвер тешкашите. На настанот беа претставени: смартфон, лаптоп / таблет со пенкало, слушалки, уред за виртуелна реалност, асистент за по дома во три различни големини и ѕвонче / безбедносна камера. Од софтвер беше претставено многу вештачка интелигенција, отидена многу напред. Она што како по правило го немаше: батерија што ќе држи еден ден.

Смартфон: Гугл Пиксел 2 и Пиксел 2 Икс ел

Нешто слично како пред некој ден со 8-цата на Епл, и Гугл претстави нова генерација од својот смартфон која не е нешто радикално различна по изглед и спецификации во однос на минатата година.

Она што го ветува Гугл со двојката Пиксел е дека ќе добиеш "спектакуларна камера и дека едноставно уредот подобро ќе работи."

Почетната цена на обичната 2-ка од 64 гигабајти е 649 долари, додека Икс ел верзијата е 849 долари. Цените се однесуваат за американскиот пазар, а кај нас најверојатно ќе бидат само претворени во евра и додаден ДДВ.

Од техничките спецификации Пиксел има: "ултра вивид ОЛЕД" дисплеј, супер брзо полнење (што се уште е решението на Гугл за тоа што не им држи батеријата), отпорен е на вода и има најпаметен (не само паметен) асистент. Што се однесува до камерата (12,2 мегапиксели), таа доби оценка од спектакуларни 98 на DxOMark тестот.

Плус телефонот има најневеројатни имплементации на вештачка интелигенција и поврзувања со останатите уреди на Гугл.

Од работите што нема да ги има Пиксел е стандарден џек за слушалки.

Првични рецензии од:
Тom's guide // The Verge // Engadget //

 

Лаптоп: Пикселбук

Доброто е што Гугл извади сериозно добро парче хардвер кое работи на нивниот оперативен систем. Лошото е што со почетна цена од 999 долари, не е многу поевтин од Мекбук. Од друга страна, добиваш одличен лаптоп кој е само 150 долари поскап од Пиксел 2 Икс ел. Па ти види што ти одговара.

Има 12,3 инчен екран (и за жал толкава тастатура) кој работи и на допир. Батеријата му држи 10 часа, а со супер-полнење за 15 минути можеш да наполниш доволно батерија за 2 часа работа.

Може да се преклопи и да изгледа како таблет, работи на ХромОС и има вграден Гугл асистент. Дебел е 10 милиметри и тежи 1 килограм.

Првични рецензии од:
Wired UK // Engadget // The Verge //


Слушалки: Гугл Пиксел Бадс

Блутут слушалки со "со екстремно импресивна опција за симултани преводи", по цена од 159 долари.

Треба да држат 5 часа користење и системот им поддржува преводи од 40 јазици.


Нест паметно ѕвонче

Линијата на Нест беше надополнета со ѕвончето со камера кое препознава лица, и во комбинација со Гугл Хоум ќе те информира кој ти е пред врата.


Целиот Гугл настан собран во скратена верзија:

 

5 октомври 2017 - 11:55