Некој му ги украде Ајпадите на Микрософт

Во Силициумската долина ограбен е Центарот за истражување и развој на Микрософт. Од целиот објект и од целата опрема украдени се само Ајпадите кои биле за тестирање.

Во грабежот биле украдени Ајпади во вредност од над 3.000 долари, меѓутоа недопрени биле оставени колекцијата на најнови смартфони на Микрософт и таблет компјутерите.

Ајпадите биле украдени од канцеларијата во која Микрософт развива нов софтвер за Епл производите.

Откако веста се рашири низ интернет, реакциите беа дека "е лага," "претерале во извештаите" и "е премногу добра за да биде вистина." На ова, новинарката на Пало Алто Дејли Пост, Ангела Ругиеро, која ја објави веста, на Твитер напиша: "За сите што прашуваат, ДА веста е вистинска. Ви благодарам на вашиот интерес."

9 јануари 2013 - 11:19