Како Русија го врати Асад во игра

Благодарение на руската "уште ние фалиме да се вмешаме" стратегија, сириската армија по пет години борба за прв пат успеа да ги натера бунтовничките сили на повлекување и отстапување територии. Сето ова има и одложено дејство.

По територијалното напредување на силите на Асад, Кремљ го прифати договорот со САД и останатите сили за делумно примирје и испорака на хуманитарна помош во текот на неделава.
Ќарот за Русија е што со ова се избегнува колапсот на мировните преговори, кои пак се шанса да се засили позицијата на Асад, а по пат се избегнува и ескалација на конфликтот со сојузниците на САД, Саудиска Арабија и Турција.

Регионалниот директор на Еуразија груп, Ајам Камел, објаснува дека на Путин му се исплател воениот ризик, и сега ја има преговарачката позиција што ја посакува.

"Постои помирување дека Русите сега доминираат со агендата во Сирија, а Западниот пристап е да и се излезе во пресрет на Русија," изјавува Камел.

Сето ова вон сириски граници е крајно фрагилно, па договорот од Минхен кој беше постигнат во петок, уште следниот ден беше пред распаѓање откако Русите го обвинија САД дека се повлекува од договорот, на што Американците одговорија дека Русите мора да престанат со бомбардирање на групите кои се противнички на Асад.

Американците својата позиција ја засилија и со објавата дека ако треба нивната коалиција е подготвена да испрати пешадија во Сирија. Рускиот одговор на ова беше - ако сакате да почнете Трета светска војна, вака се почнува Трета светска војна. По пат Русите ги зафатија и бунтовниците (давајќи си и себе алиби), и им порачаа дека е време да раскрстат со џихадистите.

 

Изминатиот месец сириската армија, поддржана од ирански борци и руски воздушни напади, речиси комплетно го опколија Алепо, најголемиот град по бунтовничка контрола и некогаш најнаселениот град во земјата, отсекувајќи им ја главната рута за снабдување од Турција. Сега тие се намерачени и на градот Идлиб кој исто така е под контрола на бунтовниците.

По процената на Русите, а чисто за употреба на Западот во следните пресметки околу можна поддршка на контра-офанзива против сирискиот претседател, моменталната позиција на Асад е далеку посилна од пред 6 седмици и балансот на силите е изразито во негова корист.