Како би можел да изгледа iOS 7

Епл е под максимум притисок да ги заврши промените за iOS 7, оперативниот систем што го користи во Ајфон, Ајпад и Ајпод тач. Според најавите седмицата треба да излезе во јуни.

Повеќе извори најновата верзија ја најавуваат како прв голем редизајн во историјата на софтверот.

Шпекулациите се дека новиот изглед ќе биде без светкавите ефекти и сјајот, кои преовладуваа во досегашните верзии. Наместо тоа треба да има почист и поедноставен дизајн.

Иако уште ништо се нема појавено во јавност, дигиталната агенција Simply Zesty реши да направи концепт фотки за тоа како тие ја замислуваат седмицата, врз основа на сите досегашни муабети.

На кратко, убаво.

 

 

 

 

 

 

13 мај 2013 - 10:15