Евтино е Кинез да влезе, ама чини богатство за да излезе

Два канадски телекоми ќе треба да платат 1 милијарда долари за да ја извадат телекомуникациската опремата на Хуавеи што ја имаат инсталирано во нивните 5Г мрежи доколку канадската влада комплетно забрани користење на технологија од кинеската компанија.

Проценките што ги пренесува канадски Глоб енд меил се дека само на Телус ќе му бидат потребни меѓу 500 и 1 милијарда долари, а на БЦЕ Бел Канада уште стотици милиони долари за да се усогласат со забраната.

За да се отстрани комплетната Хуавеи опрема ќе биде потребна операција која ќе опфаќа се од вадење делови во систем сали, до откорнување на десетици илјади антени.

Телекомите не коментираат ни што ни како ќе прават, ниту дали американските власти ги имаат контактирано околу замената на опремата.

Минатата недела во Канада, по барање на САД, беше уапсена Менг Ванжу, ќерката на основачот на Хуавеи и нејзин финансиски директор.

10 декември 2018 - 14:51