Дали Гугл се спрема комплетно да го гаси Андроид?

Без многу галама Гугл вчера објави сите Андроид апликации, такви какви што се ќе можат директ да се користат на следната генерација оперативен систем на компанијата - Гугл Фјуша (Fuchsia). Да разјасниме, Фјуша не е апдејт на Андроид, туку целосно нов оперативен систем што може да работи на најразлични уреди.

Сето ова се толкува како почетни подготовки на компанијата да го гаси Андроид (што веројатно би одело во фази: прекинување со апдејти со нови функции, прекинување со апдејти за безбедност, прекинување на поддршка за Андроид...) и работата да ја префрли на новиот и поефикасен оперативен систем - Фјуша.

Освен вчерашното соопштение ова тврдење го крепат неколку одлуки и постапки на Гугл во изминатиот период.

Како најважен потег до сега се смета тоа што Гугл на ГитХаб го објави сорс-кодот за Фјуша, „што навестува дека Гугл има намера насекаде да ја имплементира Фјуша“, од вградени системи (ИОТ уреди и автомобили) до лаптопи, и нормално таблет уреди и смартфони.

Втор ишарет е графичкиот енџин на Фјуша (Ешер), кој, како што пишува Арс техника, е направен специфично за справување со материјалниот дизајн на Гугл.

На трето место е тоа што Фјуша ќе може да „врти“ апликации од Андроид, со што од старт добива обемен каталог на апликации. На ова се надоврзуваат сите сегашни напори на Гугл да направат Андроид апликациите да можат да се адаптираат на најразлични форми на екрани, од смартфони до уреди на преклопување, декстоп компјутери или автомобили.

„На крај е тоа што Гугл активно избегнува да го спомне Андроид во јавност. За време на глобалното претставување на Пиксел 3, компанијата не го спомена зборот Андроид ниту еднаш.

Ова е веројатно е намерен потег, и е јасна индикација дека Гугл ја подготвува публиката да заборави за Андроид брендот. Ако компанијата е успешна во ова, Фјуша може да стане единствениот оперативен систем на Гугл, заменувајќи ги и Андроид и Хром ОС,“ пишува Хесус Диаз во текстот за Томс гајд.

4 јануари 2019 - 22:00