Зумот нема крај

Во една од поскапите грешки што периодов се случила на Зум (а за која знаеме), аргентински политичар заборава дека е вклучен на он-лајн седница во моментот кога седнува една млада жена во скут и почнува да ја соблекува.

Пратеникот Хуан Емилио Амери, за време на Зум парламентарната седница која има и регуларен телевизиски пренос во земјата како и стандардна седница, по разголувањето на жената уште помалку се присетува на камерата и дека е приклучен во седницата, и почнува да ја бакнува девојката.

Амери, инаку татко на три деца, инстантно е суспендиран, по што и тој самиот си дава оставка.

Во интервју за аргентинските медиуми, Амери изјавил дека скандалот му нанел лична штета и на него и на неговиот партнер, како и на роднините и пријателите на поранешниот пратеник.

Тој објаснува дека во еден момент од преносот имал слаб интернет па помислил дека и камерата се исклучила „ја прашав дали може да ја бакнам и ја бакнав на цицките. Толку.“ Наводно девојката само што ставила силикони па Амери решил да ги овери.

 

1 октомври 2020 - 10:08