Зошто цунамито во Јапонија беше џиновско

Сите (надлежни за тоа) го очекуваа минатогодишното цунами, она што никој не го очекуваше или предвиди беше неговата големина.

Научниците од Универзитетот Кембриџ објавија студија во која објаснуваат дека монструозноста на цунамито е резултат на две сили: ослободувањето на насобраната еластична енергија и на гравитационата енергија.

Еластична енергија

Геолозите знаат дека цунамито се случува кога земјотресите катаклизмично го менуваат изгледот на морското дно, со што ја придвижуваат водата над него. Кога се случуваат земјотресите, доаѓа до распукување на раседот, што предизвикува одвојување на карпите, кои биле под постојан притисок и се како затегната пружина. Па кога ќе удри земјотресот, раседот ја ослободува целата насобрана еластична енергија.

Истото се случило и на 70 километри од брегот на Јапонија. За време на земјотресот од 9 степени, дното на Пацифичкиот океан се придвижува под Јапонија, предизвикувајќи формирање бранови на површината.

Сети ова се случува за помалку од неколку секунди, а движењето на тлото не би требало да биде повеќе од 10 метри.

Како и да е, во случајот со јапонскиот земјотрес, движењето било неверојатни 60 метри, заради што научниците се посомневале дека има и други фактори зад целата работа.

Потенцијална гравитациона енергија

Собирајќи податоци пред и за време на земјотресот, истражувачите утврдиле дека стискањето на двете платоа во Земјината кора резултирало со пукање и масовно распаѓање на остатоците од претходните тектонски движења.

"Во основа она што се случило е ослободување на еластичната енергија од карпите и гравитационата енергија од насобраните остатоци," пишуваат Ден Мекензи и Џејмс Џексон во своето истражување.

Резултат на овие две сили е формирањето на огромниот бран на површината.

27 август 2012 - 12:42