Злосторство и твои луѓе

Конечната казна за шестe војници и тројцата Маринци, кои запалија стотина Курани и уринираа на мртви тела на Талибани, на кратко е - укор од класен раководител.

Деветте војници чии постапки предизвикаа сериозни немири и инциденти низ Авганистан нема по ниту една основа кривично да одговараат за своите дела.

Војниците кои ги запалија Кураните ќе добијат писма со строг укор, по кои може да им заврши кариерата во армијата. А Маринците кои се снимаа како уринираат на труповите на Талибаните, ќе добијат сличен укор, намалување на чинот и скратување на платата.

По палењето на Кураните, следуваа неколку напади на американските војници и немири низ целата земја, во кои загинаа најмалку 30 лица.

Истрагата на армијата покажала дека книгите биле тргнати на страна за време проверка на притворот во базата, откако стражарите откриле дека тие биле користени за пренесување пораки меѓу затворениците.

28 август 2012 - 11:21